Илустратор и арт-директот Марко Прокиќ, кој е базиран во Белград, на 20 март во 20.30 часот ќе одржи изложба во скопскиот локал и галериски простор, „Концепт 37“. Овој креативец стои зад брендот F.Ckinfine, познат по илсутрациите со интересни пораки. Тие што имале можност да го посетат Културниот центар Белград, и да ги погледнат современите туристички сувенири, маици и постери, веднаш ќе го познаат неговите дела. Тој е арт-директор во агенцијата McCann Erickson, а соработува со повеќе регионални имиња, како храватската продавница Iggy . За него велат дека е уметник кој или ќе ве насмее, или ќе ве расплаче. Досетливите , духовити и цинични изреки на Марко, испишани на плакати и на маици го преплавија Facebook. Во живо ќе може да ги погледнеме во Скопје наредниот четврток.
Нема коментари