Славниот српски моден фотограф со светска слава Душан Рељин неделава ја отвори изложбата на свои дела во белградската галерија „Штаб“ настан кој го организираше српското издание на Elle. Со ова е најавен културниот проект ArtELLE кој функцинира во повеќе светски изданија на магазинот, а има задача да ја поддржува и промовира уметноста. Рељин не сакаше само да ги изложи постоечките фотографии, кои можеби луѓето веќе ги виделе во декемврискиот број на магазинот, туку прави интервенција на некои постоечки дела сега изгледаат како слики со растопени бои. Оттаму и насловот на изложбата, Melting Pot.
Најзабележани беа колажните портрети на Марина Амбрамовиќ и насловната со Џорџина Стоиљковиќ за Elle, а на отворањето се појавија повеќе гости од српската модна сцена, сопругата на Новак Ѓоковиќ, Јелена, како и позната американска манекенка Кристал Рен. Изложбата ќе биде отворена до 1 март.
Рељин живее и работи во Њујорк. Соработувал со големи имиња од модата и културата, ги фотографирал Кејт Мос, Адријана Лима, Летиција Каста, Кристал Рен, прави фотосесии за познати списанија, снимал кампањи за „Гучи“, „Ив Сен Лоран“, Nike, Victoria’s Secret, Sony и други.
Нема коментари