Со идејата да се создаде парче мебел инспирирано од старите вредности со нови материјали, архитектите Маја Икономова и Ема Николова ја создале колекцијата GARBO, која ќе биде промовирана на 5 март во скопското кафуле SOTTO со почеток во 19.30 часот. Во линијата GARBO се презентираат пет парчиња мебел, секое со своја приказна. Уникатноста е приоритет, со што секое парче има личен и единствен белег со рачен цртеж.
-Приказната е составена од неколку актери. Едниот го прати линијата на дизајнот, другиот материјализаицијата. Едниот се води од с’ржта на минатото , другиот со печат од современото. Не е ставен во рамки на конкретен жанр, оставено е да конзументот сам го доживее и вметне во свој сопствен филм. Слика која се надеваме ќе допре до секоја генерација, пол, било каква определба, општествена и лична…Дизајнот го носи духот на нашиот карактер и желба да се претстави македонски производ дизајниран и изработен од домашна клапа-велат архитектите.
Ема Николова е дипломиран инженер архитект. Изминатава година се представи со првата дизајнерска колекција на мебел {trikoN}. Потоа следуваше {trikoN} white и организација и учество на мултимедијалната изложба Design is FUN. Има повеќедогишно искуство во областа на ентериерното уредување и архитектурата.
Маја Икономова е дипломиран инжинер архитект, со неколку годишно искуство во областа на архитектурата и ентериерот. Во процесот на работа дизајни на уникатни парчиња мебел за клиенти поединечно. За прв пат се претставува со колекција која е достапна за целокупната јавност.
Нема коментари