Брендот L&E од Лондон, зад кој стои македонската дизајнерка на модни додатоци Лидиа Јовановска, ќе ја одржи својата прва изложба во Македонија на рачно изработени чанти на 21 јануари со почеток во 19 часот во кафе-барот „Концепт 37“. Овие рачно изработени чанти се уникатни, лесни и мултифункционални погодни за секоја пригода. Наменети се за девојки и жени со изграден стил, за бизнис-жени како и за сите оние што сакаат да бидат уникатни и впечатливи.
-На оваа изложба ќе ја претставиме зимската колекција набрендот L&E од Лондон со 20 отсто попуст и ќе направиме pre-view на летната колекција која ќе може да ја купите во пред-продажба. После евентот чантите ќе останат изложени за продажба. За изработка на чантите се користат различни најквалитетни материјали-вели дизајнерката.
Зимската колекција е изработена од италијански флиц додека летна колекција се изработува од нов вид на еко кожа каја е направена од целулоза (хартија). Со оваа најнова и ексклузивна техника се добива сосема нов вид на еко кожа која е водоотпорна и лесна за одржување. Карактеристично за овој материјал е што е значително полесен во тежина од вистинската кожа што ја прави уште покарактеристична и поразлична.
-Една од нашите главни цели е да имаме дамски чанти кои се city bagsа од друга страна се и практични и лесни како casual bags.Чантите освен што се практични исто така се и нумерирани, концептуално дизајнирани и изработени во мали серии од по 10 парчиња по модел и боја што ги прави единствени. Целиот концепт набрендот L&E е обсмислен токму околу големината и практичноста. Во една колекција има две големи чанти за работа и патување кои се доста практични бидејки имаат доста пропратни делови. Сонивстеспремнизасекојаприлика и ситуација.И во двата модела има мали чанти/паричници идеални за гала вечери или за други свечени пригоди. Тие исто така имаат систем за надоврзувањесоголемата чанта и многу други пропратни артикли кои ќе ви ја организираат чантата како што се мини паричници за железни пари, дел за документи, дел компјутер, приврзок за клучеви кој се закачува и истегнува, изолатор за вода како и многу други практични делови што ќе Ви ја организираат чантата. Ова епрва изложба на студио од ваков вид. Можете да дојдете да видите, да купите или едноставно само да не подржите бидејки целта на овој проект е да се врати здивот на македонското занаетчиство и да ја ставиме Македонија на мапата на земји со уникатна и квалитетна рачна изработка. Со ова би отвориле шанси за нови вработувања и би можеле да понудиме обука од светски калибар-вели Лидиа.
Лидиа е основачка на концептуалниот бренд L&E, стациониран во Лондон, кој е специјализиран за изработка на чанти и модни додатоци. Етикетата ги комбинира практичноста, занаетчиството и безвременскиот дизајн. Креира и произведува колекција на чанти кои се иновативни, трајни, модерен и исклучително практични, идеални за патување, работа и за зафатен социјален живот
Јовановска стана препознатлива во нашата јавност со учестово на светскиот моден натпревар MUUSE x Vogue Talents Young Vision Accessories Award 2014. Таа влезе во финалето на изборот на најдобри дизајни на модни додатоци во организација на двата светски гиганта во областа на модата.
Со мали паузи, во Лондон живее една декада, од кои последните три години престојуваше во Кина. Во своето Скопје се враќа еднаш месечно, за работа со ателјето и набавки кои ги прави локално.
Нема коментари