Од соработката на две охридски дизајн студија, EJSI каде креира Стевчо Наумоски и Aini Design на Ели Аин, произлезе заедничката колекција на рачно сликани торби Botany, која ќе биде презентирана на изложба во скопското кафуле „Концепт 37“, в среда, 13 април, со почеток во 20 часот.
Креациите претставуваат пролетно освежување, благодарение на боите и мотиви на растенија. „Понесете Магнолија. Ова дрвце со прекрасни цветови нека биде дел од вашата гардероба или изберете јасмин, плумбаго, романтично и свежо. Во оваа колекција преовладуваат виолетова и сината боја, а особено зелената преку лисјата на филадендронот. Пролетта и летото се одлична можност да бидете похрабри и искомбинирате повеќе бои“, велат дизајнерите.
Нема коментари