Младата уметница и дизајнерка на накит Блашка Ми Ева ќе одржи самостојна изложба на мозаици на 4 декември во 21 часот во арт-кафето „Концепт37“. Постановката на мозаици од плексиглас е насловена „УРБС“ , (збор кој на латински значи град со ѕидови во Антички Рим).
-Мозаични мапи. Мозаични улици на Градот Скопје. Скопје како појдовна точка на инспирација, градот во кој живеам , градот кој на моменти делува сиво и безлично, но некогаш во него ги гледам сите бои кои постојат. Честопати гледајќи кон него од некоја повисока гледна точка, градот ми личел на еден голем колоритен мозаик. Неслучајно изместената перспектива на улиците и плошните површини е само дополнување како го доживувам градот- вели Блашка.
Формите од плексиглас ги оформуваат нејзините места, улици, средби… Боите кои се живи, контрастни, вибрантни, ја означуваат енергијата поминати низ тие улици, места, средби со луѓе. Приказ на градот гледан од птичја перспектива не е ништо ново, ново е само моето доживување на Скопје.
За добрата атмосфера идниот четврток во „Концепт37“ ќе се погрижи Dijana Di aka D.lite.
Нема коментари