Дваесет години кариера и ретроспектива на конска работа на Бјорк е темата на новата изложба во њујоршкиот Музеј на современа уметност. Од 3 март до 7 јуни посетителите ќе имаат можност да уживаат во мултимедијалната поставка за пејачката од Исланд, во која е изложен и фамозниот фустан во облик на лебед на македонскиот дизајнер Марјан Пејоски, што таа го носеше на доделувањето на „оскар“ во 2001 година. Изложбата содржи и музико уживање во новиот студиски албум Black Lake, модни парчиња од Александар Меквин, Бернард Вилхем и Ирис Ван Херпен, имиџи од спотовите на Крис Канингам, фотографии, предмети, делови од сценографија, сеќавања на соработките со Спајк Џонз, Мајкл Гондри, како и со поранешниот долгодимен партнер, американскиот уметник Метју Барни.
Нема коментари