Познатиот моден фотограф Артур Елгорт во чест на 50-годишната кариера изложува селекција од најдоброто на поставката наречена The Big Picture во миланската галерија на Карла Соцани, иналку сестра на глваната уредничка на италијански Vogue, Франка Соцани. Денес можеби е познат како татко на младиот и згоден актер Ансел Елгорт, Артур сепак треба да го препознаеме како еден од најважните модни фотографи.
Елгорт е познат по својата работа за британски Vogue, модни кампањи за „Шанел“, „Валентино“ и Ив Сен Лоран, честата соработка со супермоделите од првата генерација како Наоми Кембел и Кристи тарлонгтон, а се смета за пионер на snapshot стилот на фотографирање, односно спонтана фотографија со која на моделите им се дозволува слободно движење, а не само статично позирање. Изложбата е продолжение на монографијата Arthur Elgort: The Big Picture издадена во октомври минатата година, а ќе биде отворена до 6 април.
Нема коментари