Брендот за уникатен накит Windmillshop ќе одржи изложба и работилница за накит од епоксидна смола на 2 јули (сабота) во Бар Чаршија во Битола. Настанот ќе трае од 11 до 16 часот. На кусот воден од дизајнерката на накит Марија Манева, која стои зад етикетата Windmillshop, ќе се научи што е епоксидна смола (течно стакло), како се користи и за што сѐ може да се употреби. Ќе биде објаснето како да се обликува накит, употребата на калапи, излевање, вградување на фотографии, предмети и природни цветови, како и сушење, завршни техники и полирање.
-Епоксидната смола или позната како течно стакло е одличен материјал преку кој можете да ја изразите целата своја креативност. Со посетата на оваа еднодневна работилница ќе го научите целиот процес за изработка на накит од епоксидна смола – обетки, прстени, брошеви, ланчиња. Бројот на учесници е ограничен, побрзајте и резервирајте го вашето место . Повеќе информации може да добиете преку фан страницата на Windmilljewelry како и на windmilljewelry@gmail.com-вели Манева.
Нема коментари