Новите и свежи дизајнирани производи од младата генерација на креативци ќе бидат изложени утре во 20 часот во скопското арт-кафе „Концепт 37“. Во период од 15 дена група македонски дизајнери, инспирирани од темата „Македонско сонце како извор на здрав живот и храна”, имаа можност да ги креираат и произведат своите први прототипови. Изложбата First of a Kind (Прво од таков вид) се продуцирана и реализирана од „Јавна соба“ (Public Room) во соработка со Амбасадата на Соединетите Американски Држави и Македонското Министерство за култура.
Во работилницата учествуваа Александра Павловска, Елена Цветановска, Марија Павлова, Даниел Кочоски, Љупцо Богоев, Ева Илоска, Љубица Лазова, Ангелина Шулевска, Јулија Чочовска, Сара Лешникоска, Христина Младеновска, Ева Дејаноска и Лилјана Настова. Ментори беа Ивана Боровњак и Јана Ацевска, а производството на прототиповите беше надгледувано од Натали Ристовска и Тамара Георгиевска.
Нема коментари