Периодов популарни се блузите со пуф-ракави и со впечатливи детали на ракавите, тренд кој се повикува на модата од 80-тите, а ќе го носиме и во претстојната есенска сезона. Овие блузи се добри и за денски и за вечерни пригоди, и можеме да ги носиме и со фармерки и во погламузорни комбинации. За да ви го олесниме шопингот еве неколку идеи од „Манго“ – едноставен тенок џемпер со широки ракави, црна блуза со транспарентен дел, како и романтична бохо блуза со везени ракави.
Кај „Зара“ забележавме црна блуза со екстремно пуфнести ракави, но и проѕирни и полупроѕирни модели во розова и сина боја.
Нема коментари