Денешен предлог за шопинг е овој фустан на преклоп на шпанскиот бренд „Манго“, кој има женствен цветене принт, може да се носи на повеќе начини и чини 2.990 денари.
Повеќефункционалноста на облеката секогаш е добредојдена. На пример, овој модел на „Манго“ може да го носите заврзан на преклоп, како самостоен фустан, но и како фустан врз панталони, една од актуелните тенденции периодов. (Повеќе на Женствени и елегантни со здолниште врз панталони и на Есенва ќе се носи фустан од тул врз панталони)
Кројот на фустанот дозволува да го носите одрврзан, како верзија на кимоно или лелеава наметка облечена врз друга комбинација одоздола. (Повеќе за тоа како да носите кимоно на Стилска слобода со кимоно и на Супер спој за сега и за следната сезона: фармерки + свилено кимоно)
Нема коментари