Годишното наградување по избор на филмската критика (Critics Choise Awards) се случи вчера Санта Моника, Калифорнија, како уште едно доделување во низа сè до најважните награди „Оскар“. Настанот го посетија Кејт Бланшет, Џесика Частеин, Ејми Адамс и Лупита Нионго, а погледнете како беа облечени на црвениот килим. Бланшет и понатаму воодушевува со модниот избор, овојпат носеше минималистички темно зелена тоалета од „Ланвин“, а одлично изгледаа и Лупита во ултра шик фустан специјално креиран од брендот Келвин Клајн, Сандра во фустан со роматични карнери од „Ланвин“, новата ѕвезда Марго Рибо во вечерен комбинезон од Ели Саб и фантастичната Мерил Стрип во тегет фустан со светкави детали од дизајнерката Стела Макартни.
Нема коментари