Топ-моделот Изабели Фонтана и оваа сезона е заштитно лице на линијата за на плажа на бразилскиот бренд Morena Rosa. Во костимите за капење наменети за лето 2015 таа изгледа секси и раскошно, со бронзен тен. Бикините се со флорален, тропски и животински принт, во светлосина, крем, бела, златна и светлокафена боја. Застапени се и целосни костими со отвори на половината и без прерамки, како и модел извезен со министа. Стајлингот во кампањата, која е снимена во тропска атмосфера, е комплетиран со винтиџ, етно и хипи-накит.
Нема коментари