После големиот успех и соработката со најпознатиот моден двоец Долче и Габана на нивната модна кампања и ревија во 2021 година, нашиот врвен модел Ивана Манас повторно се враќа на голема врата во модниот бизнис. Минатиот месец престојуваше во Атина, па покрај другите ангажмани го изработи модниот едиторијал за грчкото издание на престижниот моден магазин Elle. Фотосесијата се појави во јулскиот број на Elle Greece.
-Зад целиот овој проект стои професионалниот тим на магазинот, а фотографиите се направени на прекрасните локации во околината на Атина. Ивана веќе има големо и богато модно портфолио – моден едиторијал за магазинот Vanity Fair, кампања за брендот Арабал, ревија за фасцинантниот дизајнер Rick Owens и многу други. Во моментов се договара новата сезона и дали ќе се врати во Милано или пак овој пат ќе отиде за Париз, останува да видиме – велат од нејзината матична агенција Моделс ИН Менаџмент од Скопје.
Нема коментари