Манекекенката Ивана Манас продолжува да гради успешна интернационална кариера, најново се појавува во моден едиторијал во италијанското издание на престижното списание Vanity Fair.
-Во едиторијалот Reality Show, во комплетен стајлинг на Louis Vuitton, нашата гордост позираше пред објективот на фотографот Алберто Зенети. Ивана беше три месеци во Милано каде работеше на многу проекти за кои допрва ќе слушнеме Во моментов е во Португалија каде работи на друг ангажман, но набргу треба да лета повторно за Милано за да стигне за Миланската модна недела. Манас го живее својот сон, а ние сме тука да ја бодриме и да се радуваме на нејзините фантастични успеси – велат од нејзината матична агенција Моделс ИН Менаџмент од Скопје.
Нема коментари