За време на Миланската модна недела македонскиот модел Ивана Манас се појави на ревијата на славниот дизајнерски тандем Долче и Габана, Ивана продолжува да ги освојува светските модни писти и беше дел и од новото претставување на познаитот американски дизајнер препознатлив по авангардниот израз, Рик Овенс.
- После ревијата на Долче и Габана која се случи во Милано, прекрасната Ивана Манас имаше ревија за американскиот моден дизајнер Рик Овенс во Венеција. Токму Овенс во една пост апокалиптична атмосфера на самиот брег покрај морето ја представи својата нова колекција за есен-зима 2021/22. Нашата Ивана имаше три аутфити за ова модно шоу. Како интересен податок врзан токму за овој дизајнер е дека има негова линија на мебел која била инспирирана од архитектонски елементи на брутализмот како и германските бункери од Втората светска војна. Нашата убавица Манас е вратена во Милано и повторно од утре почнува со кастинзи и нови закажани проекти – открија од нејзината матична „Моделс Ин Менаџмент“ и додадоа дека будно го следат секој нов ангажман и очекуваат наскоро да ја видат во Париз или Њујорк.
Нема коментари