Италијанскиот моден двоец Доменико Долче и Стефано Габана вчера ја откри есенската модна кампања за нивниот бренд Dolce&Gabbana, во која се појавува нашата манекенка Ивана Манас која самоуверено гради светска кариера.
Кампањата за есен-зима 2021/22 е инспирирана од фолклорот и естетските визии на Сицилија, а фотографиите ги потпишува познатиот Јурген Телер.
-Откако се појави на нивната ревија во февруари, Долче и Габана и тимот се воодушевени од андрогениот изглед на нашата Ивана и беа решени да ја ангажираат за новата кампања. Ивана Манас последниве три месеци е константно во Милано каде работеше на голем број нови кампањи за кои допрва ќе слушнеме – вели нејзиниот матичен агент Алек Наумовски од Моделс Ин Менаџмент.
Нема коментари