Дизајнерката Ивана Кнез утре, сабота, 26 ноември, во периодот од 10 до 15 часот, во своето ателје ќе ја презентира новата колекција Salve, воедно и ќе ја претстави новата линија на нејзиниот бренд „Драма“. Презентацијата е од отворен карактер и дизајнерката најавува модно дружење, коктели и многу изненадувања.
- Колекцијата Salve е воедно и најава за најновата линија, подбрендот на „Драма“ DL, со паролата It’s your turn to change the world. Колекцијата е скоро во потполност изработена по еко-стандарди, со редизајн и рециклирани парчиња. Дел е сериска, а дел е со уникатни парчиња. Материјалите се природни, или 3Д принтани и со контролирано потекло. Целта на оваа линија е да ја покрене совеста на конзументите во борба против брзата мода. Наменета е за урбани девојки кои гледаат напред во иднината и не се плашат од експерименти – вели дизајнерката.
Нема коментари