Свила, бисери и свилено жерсе се изборот на материјали за новата лимитирана сензуална и софистицирана модна колекција на Ивана Кнез, насловена Be Me – Be drAMA. Таа со својата фото приказна ја прикажува „Драма“ од почетоците на двата бренда Drama & Lovecats, костимски пристап на современа мода, проткаена со многу емоции, чиста страст, бисерна љубов, продуцирана од екипа на луѓе што поместува граници за квалитет.
-Денеска полнам 34 години и никогаш не сум се чувствувала подобро. Изгледот доаѓа сам по себе, заедно со прекрасен тим на луѓе е возможно да се постигне сè. Во време кога како никогаш претходно фокусот е на личен развој, физички и психички, ставам акцент на самодоверба и развој на карактер. Промена на сопствени стандарди со цел подобрување, промена на тело и промена на основен сетинг на размислување, за поквалитетен живот – вели Ивана Кнез, сопственичка и моден дизајнер на Драма Студио.
Кнез сака да пренесе порака до сите дека треба заради себе да бидат подобри секој ден. Да не се задоволуваат со просек, да бараат квалитет во животот, и да ги уриваат општествените норми. Самите да бидат против систематизацијата, како и да се слободни во изборот за себе и личните очекувања. Таа вели дека финалната индивидуална цел секому е луксуз и луксузен начин на живот, со правилен тим и постојана работа на себе, реализација на сите идеи и соништа, се е возможно. -Со оваа колекција сакаме да информираме дека ја продлабочуваме соработката со брендот „Сара Фешн“, како моден дизајнер и со тоа ја најавуваме новата премиум колекција Сара Ексклузив, која наскоро ќе ја пласираме на модниот пазар во нашата земја – потенцира Кнез.
Drama и Lovecats приказната ја развиваше со својот тим, на чело со Ивана Кнез и како модел на фотографиите заедно со Влатко Кузмановски со фотографската умешност на Say Yes Photography, во постпродукција на Ненад Тасески и Горан Бошковски, со стајлинг за фризура на „Сејменовски Студио“ и шминка на Маија Најдовска. Овој период, а и во периодот кој ќе следи, за изгледот на Ивана се грижат Fit Family, Beautybox KOKO и брендот Lush. За тетоважите е задолжен Игор од Tattoo Skin Art Studio.
Фотосесијата е реализирана во фабрика за производство на флашираната вода Maya во Гари, Општина Дебар, проектирана од архитектот Александар Карангелов кој минатата година за објектот га освои наградите Аrchitizer A+, во категорија индустриски објекти и складишта и Големата годишна награда на Асоцијацијата на архитекти на Македонија за 2017 година.
Нема коментари