Семејството на ексклузивни брендови во „Артурс“ во Скопје од оваа есен е збогатено со „Ломер“ - италијанскиот бренд за обувки кои се издвојуваат од другите брендови поради уникатната удобност. Она што придонесува до најдобрата удобност која можете да ја искусите е фактот што сите модели содржат 18 врвни технологии при изработката.
Меѓу нив се и следните: технологија која му овозможува на стапалото да дише, специјално дизајнирана подлога која обезбедува најдобра удобност, технологија која спречува размножување на бактериите и непријатен мирис на стапалата, технологија која спречува водата да навлезе во обувките, влошка која овозможува топлина и баланс на стапалото, и т.н. Токму поради врвната италијанска изработка и најквалитетните материјали, „Ломер“ има 70 годишна историја во производството на обувки, и благодарение на докажаниот комфорт и квалитет купувачите се враќаат кај „Ломер“ повеќепати во текот на животот. Затоа секоја обувка гарантира удобност, функционалност, стил и долготрајност.
Новата колекција од италијанскиот бренд во која има модели за мажи, жени и деца, сега е достапна во сите продавници на „Артурс“, во ГТЦ, Сити Мол, Рамстор, Беверли хилс, и на онлајн веб продавницата shop.arthurs.com.mk.
Нема коментари