Почетокот на годината е период кога повеќето жени сакаат да свртат нова страница и да почнат да се чувствуваат поубаво, понегувано и посреќно. Особено жените на кои поради секојдневната трка со работните и семејните обврски им останува помалку време за нега. Токму за овие жени козметичката компанија AVON ја создаде линијата АVON True, со чија помош новогодишните ветувања за убавина ќе станат реалност. Во продолжение ви претставуваме неколку трикови и совети за шминкање со кои жените над 35 години ќе постигнат свеж, младешки и здрав изглед.
Полупроѕирни лакови за нокти (во крем или бледорозови нијанси) не ги истакнуваат ноктите во прв план како интензивните црвени нијанси, со што го одвлекуваат вниманието од пегите, дамките и испуканата кожа на рацете. Доколку жените имаат испакнати вени на рацете или прилично ковчести прсти, не треба да носат многу долги нокти бидејќи тие дополнително ги потенцираат. Најдобро е да ја одржуваат должината на ноктите на 3 до 5 милиметри.
За здрав изглед на усните најважно е тие да не бидат испукани бидејќи тоа не може да се покрие со ниту еден кармин. Затоа редовно треба да се користи балсам за усни и кармин кој во својот состав содржи витамин Е и ги хидрира усните, како што се кармините од линијата на АVON True. Докажано е дека кармините од оваа линијаинстантно ги хидрираат усните и ја одржуваат нивната свежина четири пати подолго од останатите кармини. За вака негуваните усни треба да се користат посвежи бои на кармин, како розова или кајсија и дополнително да се нанесе сјај кој ќе ги направи усните пополни. Темните мат кармини треба да се заборават бидејќи прават усните да изгледаат потенки, а мат завршницата го засилува тој ефект.
Кога станува збор за дневна шминка, жените над 35 години треба да ги избегнуваат пастелните сенки за очи во темнокафеави или светло крем нијанси. Наместо нив, треба да користат потопли, природни нијанси со кои очите ќе добијат живост и сјај. Иста е ситуацијата и со руменилото. Наместо бронзено руменило, овие жени треба да им дадат предност на светло розевите нијанси или тие во боја на кајсија или праска со кои ќе постигнат многу помладешки и посвеж изглед.
Сјајот во очите дополнително ќе се истакне со потенцирањето на нивните контури. За таа цел, треба да се користи молив за исцртување на очите, како и маскара која ќе ги истакне трепките. Идеална за таа намена емаскарата од линијата AVON True која што визуелно ги зголемува очите, не им тежи на трепките и не ги витка надолу.
Повеќе информации за новите производи на Avon од линијата Avon True може да најдете на следниот линк http://www.avoncosmetics.com.mk/PRSuite/eBrochure.page?index=1&cmpgnYrNr=201702.
Нема коментари