Ефектот на исончано лице ни се допаѓа во лето, а може да го постигнеме на алтернативен начин со употреба на бронзер, еден од најпопуларните козметички производи во нашиот несесер во овој период од годината. Скоро сите козметички куќи го имаат во својата понуда, потребно е да го пронајдете оној што вам ви одговара и да научите како да го нанесувате за да оставите одличен впечаток.
Бронзер бирајте според бојата на вашиот тен – на светол тел одговараат боја на каjсија и мед, на средно темен тен златни и бакарни нијанси, а оние со потемен треба да користат бронзер во боја на чоколадо и потемни тонови. Важно е постигнете природен изглед, и имајте на ум дека тенка e линијата помеѓу исончан и тен како да е испржен од сонце. Затоа секогаш бирајте бронзер кој е само една од две нијанси потемен од вашата кожа. Избегнувајте ги производите со изразени портокалови подтонови, тие никого не „разубавуваат“. Во однос на текстурата, следете го правилото како кај руменилото – бронзер во прав или во камена форма за оние со масна и комбинирана кожа, кремаст за оние со сува кожа.
Вториот чекор е правилно аплицирање на бронзерот – нанесувајте со нежни и лесни движења преку челото, на образите, потоа на брадата и на крајот многу малку на врвот од носот. Исто така постои и правилото на нанесување во облик на бројот 3, почнувајќи од челото, преку образите до брадата, како на илустрацијата.
За екстра помош, во следново видео познатиот шминкер Вејн Грос нуди совети за пет начини на нансеување бронзер:
Нема коментари