Креативниот двоец Искра Јанковска Михајловска и Лидија Георгиева во рамките на нивниот бренд Iskra & Lidiya неодамна креираа дизајнерски парчиња со отпечатоци инспирирани од Бенчевското четворовеангелие и од декоративен елемент од избран Псалтир, кои датираат од 14-ти и 16-ти век. Колекцијата е наречена „Наследство“ и спојува современ дизајн со елементи од нашето културно наследство. Нивните дизајни ќе можете да ги видите на Fashion&Lifestyle Expo ’19 кое стартува денеска. Дојдете вечерва на отворањето на настанот во 20 часот во МОБ за да ги видите дизајните на одблизу Iskra & Lidiya и да се дружите со авторките.
Нема коментари