Пандемијата на коронавирус предизвика прикажување на новите модни колекции преку поинакви формати од класична модна ревија, во терминот за Париската недела за висока мода се претстави и холандската дизајнерка Ирис Ван Херпен, која што за новата кутур-колекција избра дигитален форма, односно преку кратко видео. Во него се појавва холандската катерка Карис Ван Хаутен, нам позната по улогата во сеијата „Игра на тронови“, а дизајнерката презентира само една креација - фустан од бела органза. Креацијата е наречена Transmotion, а самиот назив на фустанот го означува процесот на транзиција од една во друга состојба, со што Ван Херпен го изразува својот интерес за метафората на модата. За оваа творба инспирација на дизајнерката ѝ беа делата на познатиот графички уметник М.К. Ешер.
Нема коментари