Американска бизнисменка, дизајнерка на ентериери и наша омилена стилска ѕвезда, 97-годишната Ајрис Апфел е неуморна и после неколку дизајнерски ангажмани на парчиња мебел и накит во еклектичен и максималистички стил, сега направи непредвидлив чекор. Апфел направи соработка со брендот Nude на линија на стаклени садови, кои изненадувачки се во посмирен и минималистички стил, и се продаваат под мотото „Едноставното е убаво“.
Спојот на две многу различни стилски естетики не значи дека Апфел губи од својот имиџ. „Како што можете да видите, јас сум едвај минималист. Сакам слоеви од модни додатоци и се облекувам во јаки бои, но тоа не значи дека не мислам едноставно. Ова е мојата едноставност. Едноставноста е состојба на умот и мислам дека едноставното е убава“, смета Ајрис.
Линијата на стаклени предмети ќе биде претставена на саемот Maison & Object во јануари 2019 година, но некои парчиња веќе се продаваат. Наречена „Инспирирано од Ајрис“, колекцијата е резултат на едногодишно партнерство. По потреба колекцијата ќе се надополнува со нови производи. Што се однесува до самата линија, таа е доказ дека минимализмот и максимализмот можат да функционираат кога правилно се комбинираат.
Апфел го позајми својот уникатен талент за да ги редизајнира некои од класиците на брендот Nude – елегантни чаши за вино, бокали за вино и друг алкохол, проѕирни масивни стаклени вазни, но и парчиња насликани со графичи форми во разни бои, комплети за пиење виски, а има и стаклен предмет со ликот на Ајрис кој служи како држаќ на хартија и други стаклени предмети.
View this post on Instagram
A few of Nude’s latest collections from our Iris Apfel Collaboration, including Beak, and Mono. . . . . . #IrisApfelNude #IrisApfel #NudeGlass #Glassware #Simple #Design #NewYork A post shared by Nude (@nudeglass) on
View this post on InstagramA post shared by Maidens Istanbul Magazine (@maidensistanbul) on
View this post on InstagramA post shared by Nude (@nudeglass) on
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари