Стилско шаренило и еклектични комбинации се препознатливи за стилот на Ајрис Апфел, 100-годишната модна икона и инспирација, таа овие нејзини модни кодови ги внесува во колекцијата направена во соработка со познатиот бренд H&M. Колекцијата Iris Apfel x H&M го слави 100-тиот роденден на оваа уникатна жена, а ќе поче да се продава на 31 март.
Инспирирана од уникатниот шмек на Ајрис Апфел и нејзината естетика базирана на естетиката на „повеќе е повеќе“, оваа колекција нуди асортиман на неверојатни парчиња дизајнирани за секого. Облеката и додатоците се создадени за да ја почитуваат непоколебливата независност и оригиналното чувство за стил на Ирис Апфел.
Колекцијата содржи разигран микс на текстури, дезени и кроеви. Клучните парчиња вклучуваат жакард костум со вез и бисерни перли, волуменозна јакна со набори од тул и комплети со неверојатен принт на цвет од ирис. Моделите се креирани во прекрасни, живи бои кои ја оживуваат облеката – канаринско жолта, смарагдно зелена, интензивно виолетова, живописна тиркизна, портокалова како од зајдисонцето. Дизајнирана е и линија на накит и додатоци кои ја надополнуваат гардеробата. Земајќи инспирација од љубовта на Ајрис Апфел за слоевитост и наклонетоста кон масивни парчиња накит, додатоците потекнуваат од многу теми, вклучувајќи растенија, животни и богатства од друг свет.
-Мислам дека H&M е чудесен бренд и е апсолутен пионер во својата област – она што јас го сакам! Обожавам да се занимавам со висок стил по пристапни цени, што H&M го има совладано – вели Апфел.
-H&M беше привлечен да работи со Ајрис поради нејзиниот познат еклектичен вкус и нејзиното влијание во модната заедница. Таа е олицетворение на личниот стил – стил кој е и прекрасно раскошен и еклектичен, како и тотално безвремен. Таа покажува што е модата: средство за изразување, кој сте или сакате да бидете и начин да се забавувате. Таа е вистинска инспирација! – изјави Ен-Софи Јохансон, креативен советник за женската облека на H&M.
Нема коментари