Богатата ризница на национални ракотворби била инспирација на младата дизјанерка Ирина Тошева за новата колекција за пролет-лето 2016. Користејќи ги најновите технолохии за тродимензионално печатење таа направила вистински превод на автентичните текстури од историјата на нашата мода. Колекцијата која ја реализирала во соработка со архитектот , ќе ја претстави премиерно на Модниот викенд-Скопје на втори април, а една недела подоцна и на Prishtina Fashion Nights.
Промоцијата на новата колекција ќе биде на… Втори април во 22 часот во салонот „Порше Македонија“.
Новата колекција е именувана… „Риза“ и е за сезоната пролет-лето 2016.
Инспирација за колекцијата ми беше… ризницата на национални ракотворби. Колекцијата ја екстрахира геометријата на највпечатливите везови од минатите столетија. Користејќи ги најновите технолохии за тродимензионално печатење се прави вистински превод на совршените, но и груби текстури од историјата на нашата мода.
На колекцијата соработував со… архитектот Никола Кунгуловски и МК3D, а е поддржана од Министерството за култура на РМ.
Застапени се … 15 креации. Во Скопје ќе бидат претставени 12, а другите во Приштина. Препознатливите чисти форми и минималистички кроеви во мојот дизајн, кои лесно може да се носат и навечер и преку ден. Повторно големно внимание посветив на удобноста и практичноста. Беше вистински предизвик пластиката, која има мала флексибилност и голема кршливост, да се внесе со практична примена во секојдневната мода.
Оваа сезона се одлучив за … понежни тонови и повторно акцентот е на природните материјали. Користено е машинско везење на дезените и многу рачна работа во поврзувањата на текстилот и 3д принтаните парчиња.
Креациите се наменети за … таргетот останува ист. Сите млади девојки, љубители на боите и дезените, практичноста и удобноста, лежерноста и минимализмот, кои овој пат доаѓаат во многу „посмирена“ варијанта.
Во прв ред на ревијата ги очекувам… моите драги клиенти и соработници. Срце ми се полни кога гледам дека голем дел од нив посветиле внимание и секогаш на ревиите носат мои парчиња. Тоа е огромна чест за дизајнерот и позначајно од самото појавување или аплаузот на крај.
По Модниот викенд-Скопје моделите ќе може да се набават… во моето ателје и онлајн на irinatosheva.com и bastetnoir.com
Колекцијата потоа ќе биде претставена и на… Prishtina Fashion Nights, една недела подоцна, на 9. април.
Нема коментари