Младата дизајнерка Ирина Тошева ја продолжува својата приказна за сезоната есен-зима 2013/14 со Memento Mori 2.0. Таа деновиве направи надополнување на линијата Memento Mori, која премиерно ја претстави на Модниот викенд-Скопје, со неколку ексклузивни, свечени креации, идеални за празниците. Моделите се надополнети со парчиња накит изработен во соработка со Design&berries, кои гарантираат траен впечаток.
-Бидете забележани на забавата на која што сакате да блеснете. Тоа и го заслужувате-порачува Ирина.
Со фотографката Ерина Богоева изработи сесија, каде што како модел се јавува Лумтурије Камили. Артистичката шминка е на Небојша Пешевски, а фризурата на Studio Allure.
Нема коментари