Конструктивизмот, како авангарден правец во сликарството, фотографијата, дизајнот и архитектурата (што се појавил по Првата светска војна), бил основата од која тргнала позната модна креаторка Росица Мршиќ во реализиција на својата новата колекција. Креациите намети за сезоната пролет-лето 2014 ги збогатила со воведување на избрани елементи од модниот стил на 80-тите години. Моделите ќе бидат презентирани в недела, со почеток во 21.30 часот во „Ауди-Порше Македониjа“, во рамките на пролетниот Моден викенд-Скопје. Со оваа ревија ќе биде заокружен делот од програмата со домашни дизајнери.
- Редовно ги претставувам моите сезонски колекции на полугодишните изданија на Моден викенд-Скопје што е најзначаен домашен моден настан. Претставувањето на колекција подразбира комплетен перформанс што се состои од начинот на прикажување на парчињата од колекцијата, додатна сценографија, кореографија и музика што ја поддржуваат и презентираат основната идеја на колецијата-вели Мршиќ.
Колекцијата е составени од различни парчиња: здолништа, кошули, панталони, фустани и палта. Основата на моделите е женственоста презентирана преку тесна фигура на кои контраст прават деталите преземени од машка облека, а целосниот изглед е дефиниран со прецизност и едноставност. Избрани се природни ткаенини од памук, свила и вискоза во чиста сина и розева боја, и комбинација од бела и црна боја за постигнување минималистички изглед на моделите. Стајлинзите на ревијата ќе бидат дополнети со чанти од „Авон“ и чевли со потпис на Мршиќ.
-При дизајнирање на парчињата облека, за сезонските и вонсезонските колекции, секогаш го следам сопствениот инстинкт и поставувам свои рамки во кои се развива колекцијата, но и предизвици кои ќе ме држат љубопитна низ целиот процес на развивање на секоја колекција. Резултатот на ваквиот однос на градење сопствен и независен стил, кој носи дизајнерски печат и има свој идентитет, е облека која секогаш буди интерес кај жените кои сакаат да излезат од рамките на просечното-вели Росица, која ја доби наградата на Stylist.mk за најдобра колекција на осмото издание на Моден викенд-Скопје.
Колекцијата ќе го продолжи својот пат по вообичаените канали на продажба, во изложбениот простор на Мршиќ и во бутикот „Виа“ во Скопје, во концептуалните бутици во Софија, Дубаи и Виена и на сопствената онлајн- продавница.
-Дел од колекцијата е презентирана и на саемот за мода во Виена, како и на модната недела во Нови Сад. што се одржува во април-вели таа.
Мршиќ годинава ја почна со отворање на свој продажен сајт (shop.rosica-mrsik.com), кој за многу кусо време наиде на одличен прием.
-Онлајн продажбата е современа алатка за интернационална продажба која освен што ја зголемува продажбата влијае и на растот на визибилноста и свесноста за брендот. Делови од колкциите се нудат и им се достапни на клиенти од разни делови на Македонија и на светот. Оваа можност е понудена и е во фаза на развој заради постигнување целосен ефект, а резултатите од изминатиот период се охрабрувачки.
Лани го освои петтото место на изборот за најдобар меѓународен дизајнер на „Интернационалните бугарски модни награди ЕИРЕНЕ 2013“. Истовремено ја доби специјална награда за најголем број поени од гласањето… Со ова се стекна со награден фонд во вредност од 7.500 евра за две сезонски презентации со ревии на Бугарската модна недела во период од пет години. На ова е додадена и уште една награда во вредност од 2.525 за дипломатски прием во Софија во чест на Република Македонија.
- Излегувањето надвор од матичната земја и пазар е можност да се провери квалитетот на сопствената работа и да се спореди со работата на дизајнерите од други региони, па во таа смисла сум задоволна од постигнатото рангирано место. Наградниот фонд е наменет за промоција на наградените модни дизајнери преку различни и интересни можности: фотосесии, учество на модни настани, консултантска подршка, во тек на наредните пет години, што секако ќе биде предмет на реализација во наредниот период.
Нејзини креации се продаваат во Софија, Виена, Дубаи…Иако фокусот за проширување на продажбата е на развојот на онлајн продажбата, веќе има воспоставено контакти со нови соработници и се надева на скоро проширување.
Неодамнешното интервју со Росица Мршиќ, објавено на Stylist.mk, можете да го прочитате тука.
Нема коментари