Вонземјаните се враќаат да се одмаздат за „Денот на независноста: препород“, што претставува враќање и на режисерот Роланд Eмерих на жанрот што го прослави. Оригиналот од 1996 година се памети по своите масивни сцени со уништување, незаборавните ликови, но и по големото влијание на научната фантастика и на филмовите со големи катастрофи. Откако џиновските вонземјански бродови ослободија неверојатно катастрофална моќ врз светот, потребно е многу знаење, сила и херојство да се возврати ударот.
Сега, 20 години подоцна, човештвото се обединува за да ги обнови големите светски градови, а опасната вонземјанска технологија се користи за решавање на многу големи проблеми, како што се климатските промени. Но, долготрајна закана за враќање на вонземјани сè уште постои, па Вселенска програма за одбрана а Земјата е подготвена за кога ќе дојде тој ден. Сепак, генијалноста на неколку храбри луѓе може да го спаси светот што се наоѓа пред пропаст. Меѓу подготвените да се спротивстават на нападот на Земјата е Патриша Витмор, ќерката на поранешниот претседател Витмор (Бил Пулман). Таа е храбра и издржлива од мала (ја загуби својата мајка во првиот напад на вонземјаните). Сега работи во Белата куќа за актуелната претседателка, а истовремено се грижиза својот татко, кој закрепнува од блискиот контакт со вонземјаните во претходниот напад.
Во „Ден на независноста: Нова закана“, кој од денеска се прикажува во скопките кина „Милениум“ и „Синеплекс“, Патриша ја толкува Маика Монро. Оваа 23- годишна актерка успеа да си го пробие патот во Холивуд со забележителни улоги. Ја гледавме во The Bling Ring, Labor Day и The Guest, но најголем успех постигна со улогата на Џеј Хајт во It Follows.
Се чини научнофантастичните филмови ѝ се специјалност. Играше и во сај-фај трилерот The 5th Wave, а наскоро ја очекува уште еден проект од истиот жанр. Во интервјуто обезбедено од MCF MKD Skopje, таа зборува за семејната врска и љубов што ја има со овој филм, за тоа колку ужива во толкувањето на Патриша, како и за сцените со Џеф Голдблум…
*Каква ти беше реакцијата кога првпат го гледаше претходниот „ Ден на независноста“?
-Бев смртно преплашена! Морав да разговарам со татко ми за тоа. Не…Се сеќавам на ликовите од филмот. Мислам дека се толку специфични и ми се допаѓаа комичните моменти што беа вметнати во ова лудило. Давањето на реелистичност на овие ликови беше навистиан добар микс, па веројатно тоа најмногу го паметам од првиот дел.
*Веројатно си била пресреќна кога сија добила улогата, со оглед на тоа што твојот татко е голем фан…
-Ох, да. Татко ми беше првата личност на која се јавив откако ја добив улогата. Тој рече: „О, Боже, тоа е толку кул“!Беше навистина, навистина возбудливо и никогаш не ни помислував дека јас ќе ја добијам улогата , па затоа за мене нависина е значајно што сум дел од овој значаен филм.
*Дали требаше да се појавиш на аудиција за улогата?
-Тоа е навистина стресно. Почнав со средба со кастинг директорот, со кој имав читачка проба, па потоа се сретнав со режисерот Роланд…Следуваше снимање со камера од сите агли, за да видат како изгледам на филмски сет на кој беа продуцентие, како и Роланд и Лијам (Хемсворт). Имам искуство со вакви аудиции и не ми беше тешко да се снајдам. Но, никогап не сум се почусвтвувала покомотно во некоја работна група. Сите вклучени во филмот, од Роланд, па надолу се фантастичен тим.
*Каков ти беше првиот ден на сет?
-Почнавме поопуштено, со посмирени сцени. Лудилото со вонземјаните го оставивме за крајот, што беше супер. Беше доста содржајно првите два дена. Не можам многу да откривам, но можам да кажам дека се беше приземјено.
*Како беше да се работи на сет со актери како Џеф Голдблум , Бил Пулман и другите?
-Морав да се штипнам, за да се потсетам дека не сонувам . Беше неверојатно. Со оглед на тоа што многу ми се допаѓаше првиот филм, навистина беше фантастично да се вклопам во истиот актерски тим. Имав огромна почит кон нив и беше навистина одлично.
*Дали имавте чувство дека тимот од претходниот дел на некој начин ве воведе во приказната?
-Да, оригиналната актерска постава ни посака топло добредојде. Сите беа возбудени при снимањето на продолжението-имаше посебна енергија наоколу. Првиот филм беше толку спектакуларен. На некој начин го промени филмскиот свет.
*Се дружевте ли за време на паузите?
-Беше забавно, а голем удел во тоа имаше Џеф. Носеше книги и театарски сценарија и на сите актери ни даваше различни улоги за читање. Пеевме, танцувавме и се натпреварувавме со него. Беше интересно и прекрасно. Џеф нè собираше сите на едно место, беше навистина посебно нешто. Игравме филмски игри , но на крај сфаќавме дека всушност Џеф игра против самиот себе. Никој не знеше доволно…Никој не е како него.
*Како успеа автентично да ја доловиш реакцијата од голема инвазија на винземјани, и покрај тоа што не ги гледаше на сетот?
-Голема улога во сево ова игра имагинацијата, треба да си подотвен тоа да го одиграш. Беше интересно за сите да глумиме соочување со нешто што реално не го гледаме. Во тоа многу ни помогнаа режисерот и остатокот од екипата. Роланд беше отворен за нови идеи и одлично соработуваше со сите вклучени во филмот. Тука беа и сценаристите, кои прецизно имаа напишано и многу ни помогнаа во дијалозите.
*Имаше ли нешто што сакаше да го истакнеш во ликот на Патриша?
-Да, цврстината беше многу важна за нејзиниот карактер. Ја загубила својата мајка кога била многу мала, што мислам дека секого длабоко би го погодило.Тоа ја направило уште посилна и подготвена да се брани себеси, па тоа сакав да го истакнам при играњето на нејзиниот лик.
*Како беше да се играат херојските сцени?
-Многу ми се допадна тоа, уживав. Поради нејзниото минато, во нејзе има доста гнев кој излегува на површина кога се соочува со новата закана. Затоа беше интересно да се игра. А нејзината шефица е навистина непокорна. Би гласала за Села Вард за претседател!
*Таа треба да се грижи и за својот татко…
-Тоа има голем удел во нејзиниот лик, исто така. Ќе видите уште во почетокот на филмот дека таа се откажала од многу нешта за да се грижи за својот татко.
*Како помина снимањето на сцените со Бил Пулман?
-Тој е толку многу талентиран, па можноста да се работи со него и градењето на конекција меѓу нас беше навистина прекрасно.
*Патриша е во еден вид триаголник меѓу Џејк -ликот што го игра Лијам и Дилан на Џеси Ашер. Како функционираше оваа динамика?
-Дилан и Патриша пораснале многу слично, со родители -херои од претходниот напад на вонземјаните, на кои се угледувале. Па мислам дека тоа доста ги поврзува и врз онова на тоа развиле одлично пријателство. Потоа го запознава Џејк, кој е бунтовен и интигантен. Но, Дилан и Џејк не се согласуваат многу и тоа ги отежнува работите. Можно е нештата да се подобрат со тек на филмот.
*Што има Роланд против Лондон?
-Му се наврти овој пат, нели? Жалам! Лондон е многу убав и веројатно е поинтересно кога нешто што е толку прекрасно е уништено…
*Има гласини дека приказната може да се разработи у во уште неколку филмови. Имали шанси за такво нешто?
-Да, има повеќе интересни можности за проширување на приказната во други филмови. Би сакала пак да работам со овие момци, ако може. Пријавете ме ако има следен филм.
Нема коментари