Avon Life носи нишка на самоувереност, убавина и сензуалност, секојдневно чувство на охрабреност. Мирисот не познава граници, така што без оглед дали сте на работа или се опуштате дома, тој треба да е совршен
Светски познатиот моден дизајнер Кензо Такада кој уште од 70-тите ги поместува граници во својата професионална сфера, сега е актуелен со новиот парфем Avon Life кој го креираше за американскиот козметички гигант Avon. Неговиот стил е препознатлив –иноватовни мириси кои ги обединуваат елементите од Истокот и Западот, а овојпат, тој создаде машка и женска верзија од парфемот следејќи го мотото „Живеј прекрасен живот“. Водечка компонента на Avon Life е темјанушката чиј цвет е ценет поради ливчињата кои се дестилираат во парфимирано масло кое е суптилно и слатко. Кензо Такада посочува дека сакал да креира парфеми кои ќе го отсликуваат неговиот мултикултурен идентитет и во кои жените и мажите од секоја култура ќе се препознаат себеси.
Какви се Вашите надежи за тоа како би се чувствувал/а тој/таа носејќи го вашиот парфем?
-Кога употребуваш мирис, тој никогаш не треба да биде претерано тежок. Секогаш треба да биде свеж и лесен. Треба да донесе радост и среќа. Замислете си убав сончев ден во лето без работа и обврски. Avon Life носи нишка на самоувереност, убавина и сензуалност, секојдневно чувство на охрабреност. Мирисот не познава граници, така што без оглед дали сте на работа или се опуштате дома, тој треба да е совршен.
Кажете ни повеќе за шишенцето на мирисот, кое е толку уникатно …
-Беше особено важно шишенцето да го одразува мојот идентитет. Во Јапонија, секое семејство има свој симбол, најчесто инспириран од природата. Грбот на семејството Такада е цветот Campanula (виолетово ѕвонче), кој е сличен со темјанушката, и поради тоа цветовите секогаш биле многу присутни во моите дизајни. Сакав шишенцето да го содржи тој симбол и токму заради тоа работев со тимот на Avon да ја оживееме темјанушката на модерен начин. Резултатот е мешавина на различни елементи. Шишенцето е тркалезно, со мека форма, со капаче со многу агли. Со дизајнот на капачето, создадовме графичка интерпретација на нежната темјанушка. Ова беше особено важно за мене затоа што сакав да си поиграм со сетилото за допир. Самиот мирис е полн со живост и затоа сакав шишенцето да биде дополнување на тоа чувство.
Кои аспекти на техничкиот процес најмногу Ве интересираат?
-Мојот омилен дел од процесот на создавање на Avon Life беше соработката. Навистина уживав работејќи со креативниот тим на Avon за да дадеме чувство на модернизам на мојот традиционален дизајн. Многу сум горд на тимот на Avon. Тоа беше особено кооперативен процес, а тие се покажаа како одлични соработници.
Поетот Оливер Вендел Холмс рекол, “Сеќавањата, имагинацијата, старите спомени и асоцијации многу полесно се поттикнуваат преку сетилото за мирис отколку на било кој друг начин.” Дали се согласувате со тоа?
-Апсолутно. Сетилото за мирис е едно од најсилните аспекти во поттикнувањето на сеќавањето и асоцијациите. Во традиционалниот јапонски дом, секогаш бањата е направена од дрво. Водата и влагата го зајакнуваат мирисот на дрвото, а тоа ме потсетува на детството. Неодамна бев во Кјото и таму се прославува Денот на момчињата, кога се става лист од ирис или друг цвет во бањата, а тоа е мирис кој особено го сакам.
Колку процесот на креирање мирис е сличен со дизајнирањето на модна колекција?
-Во модата, секогаш сум напред во времето. Ги рушам правилата и им верувам на моите инстинкти дека ќе ме одведат на вистинското место. Истиот начин на размислување го користам во сѐ што креирам, вклучително и Avon Life.
Ја лансиравте вашата модна линија во 1970-та година, инспирирана од вашето патување во 1964-та година од Јапонија во Париз. Колку патувањето е составен дел од Вашиот креативен процес?
-Од моето пристигнување во Париз, секогаш сакав да патувам. Не можев да си дозволам да купам авионски билет и затоа патував до Париз со брод, посетувајќи многу земји во текот на патувањето како Кина, Виетнам, Индија, Египет и Шпанија. Бев воодушевен и инспириран од разноликоста на колтурите, живоста на боите и мирисите. Потекнувам од голем град во Јапонија каде сѐ е прецизно и технички точно, и токму затоа убавините на другите земји и на Париз влијаеа неверојатно освежувачки и инспиративно на мене.
Како Интернетот го промени начинот на кој ја барате инспирацијата и откривате нови работи?
-Не постои замена за поглед, допир, слушање и мирис кај една личност. За мене е важно да одам на нови места за инспирација, да се среќавам со луѓе, да ја вкусам храната и да ја помирисам културата.
Како ја обновувате енергијата?
-Ја обновувам енергијата кога сум во помеѓу други луѓе и предмети — преку откритија, во суштина.
Нема коментари