Диско стилот и модата и личностите што гравитирале околу култното „Студио 54“ биле инспирација за младата дизајнерка Јелена Станаревиќ која деновиве под својот бренд НАН ДЕМО ја претстави новата колекција наречена „Води ме на афтер“. На свој начин таа ја интерпретирала модата од диско ерата и ја прилагодила на стилот на современата девојка.
-„Води ме на афтер“ е спој на диско- ерата и урбаната девојка на денешницата. Колекцијата е своевидно „Студио 54“ во 2016/17….Инспирацијата за оваа, како и за сите предходнии наредни колекција во глобала кај мене е иста,а тоа е носталгијата по некои вермиња кои иако не сум ни ги доживеала,а ги носам во себе . Се инспирирам од иконите кои го одбележале тој период и поставиле темел на повеќе полиња: музиката, филмот и сите други уметности,па и модниот дизајн. Сите тие компоненти имаа удел вомојот развој како личност и дизајнерка. Основните кроеви од тоа време, ги интерпретирам на свој начин иги прилагодувам за носење во 2016/17. Кроевите се во глобала едноставни,некои модели се доста откривачки,а материјалите и колоритот се смели. Користев различни видови и големини на пулејки, свила, мек сатен и кадифе, како основни материјали, а вештачко крзно,мрежа и џинс како помошни. Доминираат воздушести и лесни материјали,кои навидум не делуваат така, со цел моделите да бидат прво претставени на подиумот-вели Јелена.
За промоција на „Води ме на афтер“ неодамна сними и фотосесија во соработка со фотографот Бојан Стоилковски и Симона Ничева-која се јавува како модел.
-Имам прилично саркастичен пристап кон модниот свет и фотосесијата го одсликува тоа. На крајот на денот нашите модели ги носат вистински луѓе, а тие изгледаат вака. Фотосесијата ја раскажува приказната околу колекцијата и како дизајнер со оваа и секоја наредна колекција планирам да се претставувам на овај начин. Стајлингот за фотосесијата е мој,а имав феноменален тим, кој успеа да ја долови целосно мојата замисла. Користевме доста локации,мегу кои градски автобус и бурекџилница. Иако пред време имавме точна замисла каде ќе се фотографира во колку часот,со кое светло и слично,првиот момент кога бевме спремни сфативме дека е најдобро да бидиме спонтани,секој ја знае својата улога и нема потреба од форсирање несто со цел да изгледа природно-вели таа.
New Collection Води_Ме_На_Афтер from Bojan Stoilkovski on Vimeo.
Јелена Станаревиќ е релативно ново име на нашата модна сцена. Модната едукација ја има стекнато во Белград.
-Отсекогаш знаев дека мојата професија ќе изгледа вака,не се замислував никогаши не се доживувам себеси на друг начин. Модата за мене е спој на сите уметности ,а облеката како дизајнерски парциња немо нè претставуваат нас и луѓето што ги носат. Студирав во српската метропола, две година на француската академија „Мод Арт“,а потоа третата дипломска година продолжив на Accademia Del Lusso,исто во Белград,кадешто и по завршување на студиите продолжив на работам стајлинзии други проекти ,сè до моето враќање во Македонија . Првата година не се чуствував подготвена за да започнам со свој проект, а и сакав да научам како функционира модната индустрија, па затоа почнав со работа во брендот „Саитис“ каде што бев асистент -дизајнер за неколку брендови. Мислев дека имам доста искуство за мои години и дека диплома или аплауз после ревија се мерило за успех, меѓутоа пресвртница за мене претставуваше посета на Модната недела во Милано во 2014 година. Таму имав можност да погледам светски брендови и дизајнери на пистата, како И зад сцената. Од таа перспектива нештата се прилично поинакви и од тоа искуство сфатив дека константно е потребно надоградување,конкретно како дизајнер,за воопшто да се добие мал дел од она што може да се дефинира како вистински успех. После тоа сериозно се посветив на модниот дизајн и сфатив каде сакам да бидам и каде треба подобрување за да стигнам до таму… Оваа година го отворив студиото „Нан Демо“во центарот на Скопје, каде што изложувам свои колекции,како и други парчиња од повеќе брендови, кои што се вклопуваат во концептот на моите -раскажува Јелена.
Во буквален превод НАН ДЕМО НАИ е јапонски за „сеедно“, „ништо“ итн. а идејата зад називот е дека воопсто не е важно името, парчињата се анонимни сè додека не ги носи вистинската личност.
-Личноста што ги носи го дава идентитет на алиштата ,а не обратно. Не ги прават брендовите луѓето,туку луѓето ги прават брендовите,дизајнерите креираат за линостите, а тие носат за себе и за други луѓе што ги мразат Тоа е вистината. Долго време размислував за името ,како клучна компонента за брендот сè до моментот кога сфатив дека ми е сеедно.
Продажниот салот на брендот НАН ДЕМО се наоѓа на ул. Маркс и Енгелс 3 (до студиото Secret) каде што е екојдневно присутна за средби со клиенти и каде што преферира да ги изработувам моделите, затоа што може да добие мислење од случајните посетители како иод редовните клиенти, кое го вреднува доста.
- Во НАН ДЕМО може да најдите урбани парчиња, без разлика дали секојдневни или вечерни тоалети,мои колекции или парлиња од други брендови кои што ги избирам јас. Секое парче го има максимум во две бројки и иако се доста комерцијални и носиви алистата,мојот бренд не ги следи слепо трендовите ,одредени трендови ги интерпретирам на свој налин али личниот печат го задржувам од сезона во сезона. Земено ова во предвид може сами да заклучите какви се моите клиенти,единствено заедничко им е тоа што сите се смели жени со изграден личен стил и желба да се издвојат од масата на униформираност-вели таа и додава дека за во иднина планира да го прошири брендот и во Белград. Во 2017 најавива нова колекција (во март)и изложување на истата на Fashion & Lifestyle Expo.
1 коментар