„Гo пуштам Боуви најгласно на звучникот, поставувам празна торба на штафелајот на работната маса и креациите започнуваат“… Во овој ритам изминатава годинаи младата креативка Дејана Петрушевска ги создава уникатните торби со принт, кои ги претставува под брендот Foreground Totebags.
- Идејата за брендот настана сосема случајно. Инспирација добив од враќањето на „тоут“ торбите во модниот свет. Тие се модната револуција на денешницата и затоа се одлучив токму за нив. Што се однесува до инспирацијата за името, грубо преведено Foreground значи преден план што совршено се вклопуваат во нашата идеја, со оглед на тоа што прво нешто што забележувате на ташната е артворкот-вели оваа девојка, што во слободно време обожава да црта на торбите кои кај нас се познати како модел за на пазар, а помладите ги нарекуваат и хипстерски ташни.
Неодмана Foreground Totebags ја имаше својата деби промоција на септемвриското издание на „Љубовен базар“, на кое привлече доста внимание.
- На „Љубовниот базар“, кој се оддржа на 14 септември во кафулето „Љубов“ се претставив заедно со уште 10-тина креатори кои рачно ги изработуваат нивнитедела. Ова беше мое наше прво учество на базар, зашто работам по принцип на нарачка, но си реков овој пат ќе пробам нешто поразлично и нацртав повеќе торби и новчаници, по што направив селекција од најдобрите и најактуелните. Фидбекот беше одличен, на посетителите многу им се допадна мојата изработка, добив многу пофални зборови-вели Дејана.
Нејзината приказна со дизајн на торби, кои се како подвижно, уметничко платно, почнала спонтано.
- Работите што се случуваат спонтано се поинтересни. Јас сум дипломиран педагог кој има голема љубов кон уметноста во било која форма. Моментално сум главен уредник на Instagraphy.net, страна на која што центарна внимание е Инстаграм фотографирањето. Создавањето на креациите на тоут ташните е како цртање наплатно, односно wearable art.
Florence and the Machine . ^^ A post shared by Foreground-totebags (@foreground.totebags) on
При дизајнирањето најчесто црпи инспирација од своето опкружување, а освен слики и илустрации на торбие можат да се најдат и фотографии, по избор на клиентите.
- Најчесто во своите торби ги пресликувам работите што ме опкружуваат во животот. Музика, филмови, слики од познатите уметници… Секако и нарачките и желбите на моите клиенти. Заедно со настанувањето на брендот си дојде и определена таргет група. Иако нашата цел е да ги доближиме ташните поблиску до срцата на сите, но кога веќе мора да определиме, foreground ташните ги купуваат млади луѓе со љубов кон уметноста и изострено чувство за стил-вели таа.
Tорбите може да ги разгледате и нарачате на профилите на Foreground Totebags на Инстаграм и на Фејсбук.
- Сега за сега одиме скромно, Учествување на што повеќе базари и соработка со графички дизајнери кои би сакале нивните дигитални уметнички дела да бидат насликани на платно, како досега со илустрациите на Варвара Николова (Va.) и Александар Илиевски (ilievskiart).
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари