Канаѓанката со украинско потекло, Дарија Вербови, е заштитно лице на кампањата на популарниот шпански моден бренд „Манго“ за сезоната пролет-лето 2014. Манекенката, која доаѓа на местото на својата колешка Миранда Кер, својата прва реклама за „Манго“ ја сними на локации на Канарските острови заедно со фотографот Џош Олинс. На фотографиите ги носи новите, пролетни модели на брендот. Триесетгодишната Дарија важи за една од најангажираните интернационални манекенки на денешницата, заштитно лице е на повеќе брендови, а се најде на бројни насловни страници и модни едиторијали.
Во ова интервју, што Stylist.mk го доби со посредство на Fashion Group, застапникот на „Манго“ за Македонија, Дарија открива дека сака да патува и да слика, дека слуша рок-музика, која доста влијаела за нејзиниот личен моден стил, а следнава сезона најмногу ќе носи бела кожена јакна и виолетов фустан.
>>Запознаена ли си со дамите што претходно беа заштитни лица на „Манго“: Кејт Мос, Миранда Кер, Скарлет Јохансон, Клаудија Шифер, Мила Јововиќ, Наоми Кембел и Пенелопе Круз? Какво е чувството да сe биде дел од ова?
- Поласкана сум и почестена што сум вклучена во група со жени кои се толку инспиративни и убави.
>>Каков е твојот однос кон облеката?
-Јас и облеката сме во многу блиска и интимна врска уште од пелени и таа ме грее во одредени периоди од годината
>>Без кои три есенцијални парчиња облека не можеш да живееш?
-Кожени панталони, мојата кожена јакна и костумот за нуркање.
>>Според тебе кои парчиња се задолжителни за пролет-лето 2014?
-Бела кожена јакна и пурпурно виолетов фустан.
>>Што постојано носиш во чанта?
-Книга и мојот Leica фотоапарат.
>>Постојат ли парчиња облека или накит што ти се омилени и имаат посебна вредност за тебе?
-Моите прстени од Индија, првиот џемпер подарок од „Прада“ и моите војнички чизми.
>>Како би го опишала својот моден стил и како најудобно се чувствуваш?
-Сакам да комбинирам старо со ново, тоа е чувство што едноставно мора да го осетите кога имате одредени парчиња на себе.
>>Дали некој друг во твоето семејство бил заинтересиран за мода?
-Мајка ми имаше одличен неоптоварен стил. Сигурна сум дека не ни беше свесна за тоа.
>>Кој е твојот омилен моден дизajнер?
-Фиби Фaјло.
>>Благодарение на манекенството постојано патуваш. Која е твојата омилена дестинација за работа и задоволство?
-Сакам да патувам и повеќе патувам кога не работам. Многу ги сакам Индија и Јужна Америка.
>>Кои се твоите модни правила за пакување кога тргнуваш на пат?
-Патувајте без многу багаж, бидејќи секогаш ќе пронајдете нешто интересно за купување кога патувате. И понесете екстра торба.
>>Која е твојата рутина за нега и здравје? Како ја одржуваш формата?
-Практицирам аштанга- јога.
>>Како се релаксираш после напорен ден?
Во када со купка.
>>Која книга последно ја прочита?
-„Жената што трча со волците“ од Клариса Пинкола Естес.
>>Познато е дека сакаш рок-музика, кои ти се омилени музичари и бендови?
-Има премногу! Бил Калахан, Џилијан Велч, Кинг Крул, Mighty Shamrocks, „Дорс“, GBV, Phycicills, Ali Farka Toure, Нина Симон, Шинед О’Конор.
>>Дали одиш на свирки кога си слободна?
-Да, се обидувам да најдам време. Неодамна бев на концерт на „Мејзи Стар“.
>>Дали рок-музиката влијае на твојот стил?
-Да, се разбира. Пораснав во 90-тите и мислам дека музиката од тоа време имаше големо влијание на мојот стил.
>>Што си постави за цел во 2014 година?
-Да научам да го организрам времето и да се посветам на сликањето повеќе.
>>Која ти е омилена книга?
-„Неподносливата леснотија на постоењето“ од Кундера.
>>А омилена песна?
-Невозможно е да се избере!
>>Омилени филмови?
-„Денови во рајот“ и „Три бои: Сино, Бело и Црвено“.
>>Омилено место за излегување?
-Debbars во Клонакилти, Ирска.
>>Омилен ресторан?
-Caravan of dreams во Њујорк.
Нема коментари