Инспириран од природата, нејзината слобода и поврзаност на елементите креативецот Александар Пешевски под називот MightyJewelry создава уникатен накит. Со своите вешти раце прави моќен спој меѓу дрвото и епоксидната смола, што резултира со несекојдневни дизајни, кои ќе бидат претставени на изложба на 2 јуни во „Концепт 37“. Присутните во арт-кафето, со почеток во 20 часот, ќе може да погледнат колекција од две серии создадени од изминатите три месеци. Креациите се направени од епоксидна смола, дрво и алуминиум. Формите од дрво се различни, слободни, во зависност од парчето дрво, а некои од останатите со повторливи по форма но различни по дизајн.
Приказната на MightyJewelry се родила од љубовта за работа со дрво.
-Сè е настанато од љубовта за работа со дрво. Сите моменти кои се случуваа се поврзуваа во создавање на накит, јас само го пратев сето тоа. Идејата за MightyJewelry е од MightyCreation- името под кое веќе повеќе од 15 години работам како графички и веб-дизајнер. Приказната почна кога избрав да работам графички дизајн. Со тек на време самата креативност почна да се шири на различни полиња и така се појави MightyPosters, MightyGourds (дизајн на лејки кој го работев пред накитот) и сега MightyJewelry. Сите овие работи се меѓусебно поврзани, функционираат паралелно и се надополнуваат меѓусебно. Накитот е само продолжување на нешто кое го прекинав пред повеќе од 10 години за да се посветам професионално на дигиталната креативност – вели Пешевски.
При дизајнирањето за него можностите се бескрајни.
-Самото вложување во создавањето отвора нови идеи. Додека работам на една серија веќе имам во свеста што со наредната. Тоа е процес кој сам по себе ги привекува сите работи да се реализира. Комбинацијата на сите метеријали меѓусебно отвора експериментирање кое нема крај.
Најчесто креациите на MightyJewelry ги носат жените, кои освен ѓерданите нарачуваат и обетки и нараквици. Иако послаб е интересот кај мажите за ваков вид на модни додатоци, сепак, Александар верува дека со некои модификации на накитот може и тоа да функционира. Моделите може да се набават преку комуникација на социјалните мрежи.
-Затоа му посветувам внимание на делот на фотографија за да добијат сите реална претстава за изгледот на производите… Поради останатите обврски немам учествувано на базари, затоа и се решив на самостојна изложба. Секако дека сум отворен за сите настани, најверојатно се бидува после изложбата. За во иднина ќе оставам работите сами да се случуваат. Идеи имам, тоа ми е најбитно како и времето за создавање.
Пешевски покрај дизајнот на наки се занимава и со графичкиот дизајн и музика.
-Дизајнот на накит го обавувам паралелно со други активности. Тука е графичкиот дизајн и музиката исто така. Периодично се ориентирам по чувство на која област и посветувам внимание. Секогаш создавам време за тоа што сум
Нема коментари