Неколку патувања во Мароко, запознавањето со начинот на создавање на аргановото масло од дрвото кое расте само во оваа африканска држава, истражувањето на благодетите на ова масло ја поттикнаа Нена Стојова пред неколку месеци да ја напушти работата на проект менаџер во „Мајкрософт“ и IT консултант во Стокхолм, Шведска и да се посвети на природната козметика. Оваа Македонка можеби својот бренд наречен Bare Origin го развива од Стокхолм каде што живее, но сака да го понуди на сите Македонци заинтересирани за здрава нега и на неодамнешната промоција во „Јавна соба“ ги претстави своите производи и на домашната публика. Чистото арганово масло и уште неколкуте сродни производи од нејзината колекција Bare Origin сега може да се купат и кај нас, засега во концептуалната продавница во „Јавна соба“, нешто подоцна и преку интернетска продавница ќе бидат достапни низ цела Македонија. Иако брендот е уште нов, во мај годинава почна да ги пакува шишенцата со чисто арганово масло купено од кооператива во Мароко, во септември веќе се отвори онлајн продавницата, по што следеа промоции во Стокхолм, Скопје и во Софија, Нена веќе има идеи за понатамошен развој. Со Нена зборувавме за аргановото масло, за нејзиниот бренд и патувањата, а она што таа во моментов сака најмногу да постигне е да започне дискусија и да поттикне интерес за природната козметика и за природниот начин на живот. Раскажувајќи ни ја приказната за брендот и за производите дознавме и неколку корисни совети за нега.
>>Како почна приказната на Bare Origin, што те поттикна пред неколку месеци ја напуштиш корпоративната работи и да се посветиш на креирање и развивање на бренд за природна козметика?
-Прво нешто што ме поттикна е тоа што сакав да имам свој бизнис. Потоа, оттсекогаш сум сакала природен начин на живот, не само козметика, туку холистичен животен стил, освестеност за органска храна. Оттсекогаш си правев своја козметука и кога решив да дадам оставка на работа, веќе неколку пати имав претходно патувано во Мароко, а маслото од арган го имав користено доста долго време и секогаш ми било едно од најомилените масла. После неколкуте патувања почнав да градам специјална врска со Мароко и почувствував дека можам да застанам зад пласирањето на маслото од арган, знам дека е квалитетно и ги имам искусено позитивните ефекти на себеси. На почетокот размислував за тоа како јас ќе се разликувам од другите кои продаваат вакво масло и сфатив дека сакам да ги информирам конзументите со моите производи – што е арган, како расте, како се произведува, како традиционално таму се има користено и со тоа точно да можам да покажам од каде доаѓа маслото. Концептот на кој решив да се сконцентрирам е со транспарентност, да можам точно да ги идентификувам луѓето кои ги производевуваат моите производи, од аспект дека тоа ќе биде 100 % чисто масло без никакви додатоци. Од друга страна сакам тие што ги произведуваат моите производи да добијат во процесот, бидејќи кога се купува на големо се намалуваат цените, а во Мароко стандардот е веќе низок, па кога ги избегнуваш сите препродавачи можеш подобро да ги платиш оние што директно работат на производот.
Мислам дека сè уште е табу да се разговара за природна козметика, чекор по чекор се обидуваме да го отвориме тоа поглавје, дури и на запад, не само овде кај нас. Почнуваме повеќе да се отвораме кон тој аспект, но некако понормално е да разговараме за органска храна, а козметиката како уште да не знаеме колку е важна, како уште да не знаеме колку некоја козметика е штетна. Баш во таа дискусија сакам да се вклучам, да има отворен разговор за тоа кои се состојките во хемиските производи за грижа на нега. Тие се двата аспекта, да се отвори разговор кои се придобивките од природната козметика, да бидеме повеќе информирани за негативната страна на хемиската козметика, и да се информираме како конзументи од каде потекнуваат производите што ги користиме, како живеат луѓето кои ги произведуваат, во кои услови, колку се платени.
>>Брендот е стар само неколку месеци и стартуваше само со еден производ, чисто арганово масло…
-Да, пред неколку месеци дадов оставка во Мајкрософт“, во петок ми беше последниот ден, во сабота веќе летав за Мароко. Отидов таму скоро неподготвена, знаев само дека одам таму да најдам кооператива од каде што можам да го купам аргановото масло, сакав да биде квалитетно, сакав да биде од кооператива која нема да биде многу комерцијален и сакав да биде водена од жени, сакав да им помагам затоа што ситуацијата на жените таму не е како на Запад, немаат многу права на еднаквост. Знаев и дека сакам да го почнам проектот во форма на кикстартер. Мисијата ми беше да ја најдам кооперативата и да снимам видео за кикстартерот. Со малку среќа и преку игра на судбината запознав некои луѓе кои ми помогнаа да го снимам видеото, посетив различни кооперативи, и сосема случајно почнав да разговарам со човек кој ми помогна да го снимам видеото. Веќе после два дена ја најдов кооперативата. Интересно е дека кога работиш нешто што сакаш, нешто што ти е навистина голема страст, сè си доаѓа на свое место. Секогаш има предизвици и нешто нема да е како што си го замислил, но во целина големите работи ќе се случат. Подоцна видеото го објавив, кикстартер-проектот имаше добар одзив, ја достигнав потребната сума и во мај годинава пак заминав во Мароко, па почнав да барам кооператива за масло и вода и рози со што се проширува линијата на Bare Origin.
>>Кои се всушност придобивките на арганово масло, зошто треба да го користиме за нега на кожата? И дали твојот проозвод содржи само масло?
-Во мојот производ има само чисто масло од арган, ништо друго. Јас малсото го добивам чисто и само го пакувам во шишенца. Маслото од арган како и останатите масла што може да се јадат, како кокосово, лелено, маслиново, може слободно да се става на кожа. Но за разлика од другите масла многу брзо се впива во кожата, затоа што содржи масни киселини кои природно се произведуваат во организмот. Но после 20-тата година тоа производство почнува да се намалува, што значи при нанесувањето на ова масло на кожата, таа брзо ги впива тие киселини кои неа ѝнедостасуваат, си ги прима како свои и веднаш ги преработува преку хемиски процеси кои се случуваат во кожата. А масните киселини се важни за одржување на еластичноста на кожата. Заклучок, со користење на маслото од арган се намалуваат брчките и стриите, јасно дека нема да исчезнат, но секако се намалува нивната појава.
Друг аспект е витаминот Е, кој е антиоксидант, кој ѝпомага на кожата да се бори против слободни радикали, што е што е добро против сушење, пукање и стареење на кожата. Богато е со омега масни киселини кои помагаат на кожата да биде мека. Исто така треба да се нагласи дека аргановото масло може да го користат и оние со масна кожа, многумина сметаат дека ако имаат масна треба да ги избегнуваат маслата, што не е точно. Чистите масла всушност ги чистат порите и ги балансираат маснините во кожата.
Во мојата линија имам производ што е чисто арганово масло, потоа еден производ што го нарекувам златно чоколадо (тоа е чисто масло од арган само му правам инфузија во сирови какао зрна и во ванила стапчиња), потоа арганово масло со есенција од роза, дестилирана вода од роза која се користи како тоник, и последниот производ кој го внесов во колекцијата е масло од дива шипка кое го набавувам од Бугарија.
>>Кажи ни неколку совети како да се користи маслото? Дали е доволно да се користи како единствен производ за целосна нега на кожата и косата?
-Добрата страна е што маслото е универален производ и може да се користи на различни начини. Јас лично аргановото масло го користам како единствен производ и последна опсесија ми е што го мешам арановото со маслото од шипка, и неколку капки од оваа комбинација нанесувам навечер откако ќе го измијам лицето. Си подготвувам и свои креми. Обожавам путер од шиа, кој го мешам со масло од арган, малку масло од дива шипка и додавам етерично масло од портокал, и тоа ми е крем за лице. Сама си правам и скраб за миење на лицето со глина која ги влече токсините и со мед кој делува антибактериски. Масло од арган со глина и мед е добитна комбинација за миење на кожата. Добрата работа со природните состојки е што може да се мешаат меѓу себе, не се создават некакви хемиски реакции, туку само треба да знаете да не сте алергични на некоја состојка.
>>Кои се твоите очекувања од пласирањето на брендот овде кај нас?
-Мене во Македонија целта ми е само да се отвори дискусија. Македонскиот пазар е мал, може да растеш до одреден степен и тоа се условите. Ако се обидуваш да направиш нешто на овој пазар, сметам дека тоа го правиш од љубов, а не од некои огромни очекувања, бидејќи знам дека придовките во однос на она што ќе го вложиш не можат да се изедначат. Сакам да се отвори разговор на оваа тема за вистинска природна козметика, но и исто така и овде во Македонија залужуваме да добиеме квалитет. Зошто кај нас да стигнуваат производи од трета класа?! Еве јас пробав некои од маслата од арган што се нудат овде и можам да кажам дека тоа не е вистинско масло од арган. Зошто да не можат луѓето кои навистина сакаат квалитет на природна база да не го можат да го најдат кај нас. Тоа е мојата понуда. Знам дека тоа што го нудам има квалитет, истото масло што го продавам во Шведска, го нудам и овде. Плус, ова е производ што се користи во капки, и едно шишенце навистина трае долго. Можеби почетната цена е поскапа, но е нешто што може да се користи неколку месеци.
>>Каде може да се најдат твоите производи?
-Во концептуалната продавница во „Јавна соба“, а планирам да отворам онлајн продавница само за македонскиот пазар, тоа најверојатно ќе биде за три до четири месеци од сега. Продавницата исто така би требало да ги таргетира и Бугарија, Србија, Босна…
>>Не е лесно да се пробиеш на светскиот пазар, Bare Origin почна со промоција на шведскиот пазар каде што постојат повеќе брендови на природна козметика…
-Секој пазар си има свои предизвици. Кај нас предизвикот е дека треба да се информираат конзументите, јас овде немам конкуренција толку голема. Во Шведска е обратно, конзументите се информирани, ама конкуренцијата е поголема. Секако стратегијата ми е да пробам да го проширам производот и да натерам што е можно повеќе луѓе да го пробаат. Сакам еднаш кога ќе го пробаат, веднаш да забележат дека е квалитет и да поскаат да продолжат да го користат. Во Шведска продавам производ од 25 милилитри како мали тестери, или пакет со помали шишенца од сите призводи од колекцијата, за да можат сè да пробаат.
>>Имаш ли претстава која е твојата целна група, кој профил на луѓе би биле заинетресирани, можеби оние еколошки осветстени, вегани, вљубеници во природен начин на живот?
-Точно тие луѓе, засега тоа се претежно жени и обично на возраст 25 до 60 години и профилот е тој, луѓе кои се заинтересирани за холистичен и природен начн на живот од исхара до козметика, луѓе кои се заинтересирани за fair trade…
>>Твоите производи се спакувани во убава амбалажа, но поважно од дизајнот е високиот квалитет на стаклените шишенца…
-Дизајнот на етикатета е на една девојка од Франција, која сега живее во Белгија. Таа е графички дизајнер, ѝдадов една визија и се одлучивме за овој едноставен и ненападен дизајн за да може да одговара за секој пазар и за различни групи на луѓе. Многу е важно да се напомене дека производите ги пакувам во специјални шишенца кои се нарекуваат Мирон, ги купувам од Холандија и тоа е специјален тип на стакло кој спречува навлегување на сончевите зраци, со што се зголемува трајноста на маслото. И допринесува исто така добрите карактеристика подолго време да се задржат. Советувам маслото да се чува на ладна температура, може во фрижидер, бидејќи така ја задржува трајноста и добрите својства.
>>Дали си истражувала или можеби размислуваш некој твој производ да биде со некоја состојка што ја имаме овде во Македонија?
Да, со мед! Имаме чисти шуми и недопрени, специфични билки што допринесува за здрав и специфичен мед. Кај нас, во Бугарија и во Романија може да се најде најквалитетниот мед во Европа. Во Скопје бев на пазар да разгледувам, да се распрашам кој продава мед и матичен млеч и веќе имам идеја што би направила следно.
Нема коментари