Супермоделката Кејт Мос во својата две и пол децениска кариера ретко давала интервјуа и се води од тоа дека публиката треба да ја гледа, а не и да ја слуша. Ретко зборува за работата, а уште помалку за приватниот живот. Сепак, деновиве седна да разговара со фотографот Ник Најт, кој стои зад интернет платформата SHOW Studio и со кого во повеќе наврати соработувала, и доста отворено зборуваше за повеќе теми. Меѓудругото, за онаа легендарна рекламна кампања за парфемот Obsession на Келвин Клајн, што ја сними со своето тогашно момче, модниот фотограф Марио Соренти. Рекламата Кејт и Марио ја снимале сами на остров во рок од десет дена. Тогаш имала 17 години, а покрај неколкуте верзии на видеореклама, легендарна е и принт рекламата на која Кејт лежи гола на една софа.
-Ќе се разбудев наутро и тој веднаш почнуваше да ме фотографира – вели таа и признава дека често ѝ се смачувало од постојаното фотографирање – Само седев така десет дена. Тој не престануваше да ме слика. Раскинавме после тоа. Кога си во врска со фотограф и кога ќе почне да ја злоупотребува таа врска и стално ќе ти вика ‘сакам да позираш вака’, тоа ве тера да речете ‘не’.
Кејт со Марио Соренти
Кејт зборува за почетоците на својата кариера, како кога се преселила во Њујорк за неа се грижела мајката на Марио, Франческа, која исто така е фотографка. Спомнува за тоа како Наоми Кембел и Кристи Тарлингот ја зеле под нивна закрила во моментите кога не можела да се справи со славата, а од оваа дистанца никогаш не помислувала дека ќе постигне толкав успех. Тема за која не сака да зборува е Џони Деп со кого беше во врска до 1994 до 1998 година, за што само рече „Што да е…“. Кејт од 2011 година е во брак со Џејми Хинс од бендот The Kills, a мајка е на девет годишната Лалја Роуз од врската со првиот човек на магазинот Dazed and Confused, Џеферсон Хек.
Легендарната кампања од 1993 година
Нема коментари