Во пресрет на второто издание на саемот за мажи Gentlemen’s Expo, овојпат со референцата Whiskey Edition, разговаравме со двете дами кои во еден настан спакуваа мноштво содржините за домашните џентлмени – Ивана Новакова Куновска и Марија Зекмановска Митреска, сопственичките на компанијата „Ботега Евенти“. Ивана и Марија, после успешното прво издание, подготвени се да претстват нова доза џентлеменски теми и активности, а на Stylist.mk, откриваат повеќе за годинешната програма, за новата локација, многуте зони на интерес на кои е поделен саемот, мастерклас- предавањата, хуманитарната аукција и за фокусот на вискито. Забележуваме во последниве години зголемен број на настани посветени на мажите, но Gentlemen’s Expo во организација на „Ботега Евенти“ е првиот саем за мажи. Организаторките Ивана и Марија сега го најавуваат второто издание на настанот.
- Gentlemen’s Expo се случува по втор пат, а новото издание ќе се одржи во Хотел Мериот на 5 и 6 април. Во петок, на 5 април, ќе започне од 17.00 и ќе тре до 24.00 часот, а во сабота, 6 април, саемот ќе се отвори од 14.00 и ќе трае сè до 24.00 часот.
Додека го подготвувавте годинешниот настан, какво искуство извлековте од претходното, првото издание?
-Првото издание на настанот беше своевиден тест за нашата компанија и за нас самите за да видиме дали може да се сносиме со товарот на една толку голема организација, каде што треба да се менаџираат различни компании од различни профили и сето тоа да биде презентирано на начин кој истовремено ќе ги задоволи промотивните цели на компаниите-изложувачи, но и вкусовите на посетителите кои секогаш очекуваат да доживеат нешто поразлично на ваков тип на настани.
Како го замисливте Gentlemen’s Expo ’19? Какви брендови и активности ќе преовладуваат? Што сè има на програмата?
-Оваа година посетителите кои ќе го дојдат на настанот ќе може да видат изложувачи кои ќе бидат групирани по зони на интерес, односно ќе имаме Fashion& Accessories зона каде ќе можат да откријат кои се новитетит во машкиот стајлинг, Comfort зона каде ќе можат да видат посебно дизајнирани парчиња мебел, Open Barber Shop, Men’s Health Corner каде ќе можат да имаат еден на еден консултации за машко здравје, Whiskey зона каде ќе можат да дегустираат преку 20 видови на различни виски пијалоци, презентација на хибридни возила, презентација на моторцикли, 3 Master Classes во посебна сала од кои 2 се поврзани со Whiskey,а третиот е посветен на Молекуларната гастрономија, Gentlemen’s Square- собир на џентлмени кој ќе се случува во сабота на 6 април, од 18.00-20.00, на кој ќе има организирана фотосесија за интеракцијата помеѓу џентлментите и брендовите и многу други активности.
Особено ни е драго што оваа година настанот покрај интерактивниот и едукативен карактер ќе има и хуманитарен каратер. Имено, во сабота на 06.04 со почеток од 20.30 часот ќе организираме Хуманитарна Аукција – Џентлмените враќаат назад – на која аукција 10 наши познати џентлементи ќе донираат свои лични предмети, од нивно емотивно значење, што ќе бидат ставени на аукција за собрање средства за СОС Детско Село.
Во текот на двата дена посетителите ќе можат да слушнат и квалитетна музичка програма.
Годинава саемот е дефиниран како Whisky Еdition, зошто е акцентот ставен на вискито и каков третман ќе добие овој пијалак на настанот?
-Второто издание е дефинирано како “Whiskey edition” бидејќи The Gentlemen’s Expo ’19 ќе биде домаќин на поголемиот дел од виски увозниците кај нас и за прв пат посетителите ќе имаат можност на едно место да дегустираат преку 20 видови на различни виски и сингл малтoви, а истовремено ќе имаат и можност одблиску да се едуцираат за истите. Ова ќе биде своевидно сателитско предиздание на Skopje Whiskey Fest во склоп на the Gentlemen’s EXPO. Следен проект е токму првото издание наSkopje Whiskey Fest.
Секако оваа прилика ја користиме да ги повикаме посетителите да КОНЗУМИРААТ ОДГОВОРНО да ги остават своите возила и да користат такси при посетата на настанот.
Дел од програмата се и три мастерклас преедавања, за што поточно станува збор?
-Мастеркласовите ќе се оддржат во посебна сала на 1 кат во Хотел Мериот.
Имаме организирано 3 Мастеркласа.
Темата на првиот мастерклас е ВИСКИ – ЗОШТО И КАКО ВО МИКС со Филип Арнаудов, поддржано од Гемак. Мастеркласот започнува во 17.15h, а времетрењето на мастеркласот е 90 минути.
Темата на вториот мастерклас е: GLENMORANGIE & ARDBEG со TED LELEKAS, поддржано од HM Spirits.Мастеркласот започнува во 19.00 h. Времетрењето на мастеркласот е 75 минути.
Темата на третио мастерклас е: Техники на молекуларна гастромија /FUTURISTIC TECHNIQUES FOR MOLECULAR LABОRATORY KITCHEN СО Д-р Јана Клопчевска, PhD. Мастеркласот започнува во 20.30 h. Времетрењето на мастеркласот 35минuti.
Картите за посета на мастеркласовите се во ограничен број и истите се пуштени во продажба на
http://tickets.gentlemensexpo.mk
Оваа година воведувате влезници. Колку чинат и каде може да се набават?
-Влезниците и картите за дегустација чинат 300 денари и 600 денари. Истите може да се набават online наhttp://tickets.gentlemensexpo.mk или во деновите на саемот на самиот влез пред салите во Хотел Мериот.
Кои мажи ги таргетирате со овој саем?
-На овој саем таргетираме мажи кои Одбираат Квалитетно Секојдневие.
Сакаме да напоменеме дека иако настанот се нарекува Gentlemen’s Expo ’19 – Whiskey Edition очекуваме бројот на женските посетители да биде исто толку голем колку што беше и на првото издание.
Битна тема кај мажите е нивниот моден стил, дали повторно ќе се обратите на овој дел од нивниот животен стил?
-Модниот стил е неизоставен дел од нашиот настан, така што посетителите ќе имаат можност да видат добро познати македонски брендови за custom одела, македонски дизајн чевли, како и познати глобални брендови.
Дел од атмосферата од минатогодишното издание на Gentlemen’s Expo
Нема коментари