Ја запознавме пред неколку години како манекенка која делува на домашната сцена, но и оствари успешна меѓународна кариера, сега Јована Нешова застана пред нов професионален предизвик и ни го претстави MAPSY – бренд кој се занимава со создавање на персонализирани постери кои, како вели, раскажуваат приказни за љубов, личности, места и авантури. Во современиот ентериер често гледаме врамени постери со некоја лична порака или мотив, MAPSY сега нуди повеќе идеи со овој концепт за сите заинтересирани на нашиот пазар. Поточно, можете да нарачате постер кој ќе ја овековечи бременоста, мотив со созвездија наредени според некој ваш датум, слика посветена на миленикот, мапа од омилената дестинација, слика на вашиот хороскоспки знак, всушност, сè она што има некое посебно значение за вас и сметатате дека вреди да го гледате секој ден на ѕидот во вашиот дом. Постерите доаѓаат во три димензии, а MAPSY прави достава до вашата адреса.
Љубовнаа приказна на Јована и една неуспешна потрага на подарок по повод годишнита со својот парнер, ја инспирираа да го лансира MAPSY.
- Идејата дојде кога за мојата 10-годишнина од врска не знаев што да му подарам на својот партнер, сакав да биде нешто поразлично и персонализирано, нешто што нема да се потроши или износи. И тогаш почнав да барам на интернет и наидов на ваков концепт на подароци, кој е многу актуелен во Америка и си реков ова е тоа што го барав.
Што е всушност MAPSY?
-MAPSY е бренд кој креира и дизајнира персонализирани постер слики кои раскажуваат приказни за љубов, личности, места и авантура. Основан уште во 2019 година, но официјално започна со работа и продажба во јануари годинава. За креирање на сликите користиме посебни специјализирани софтвери, а потоа илустративно ги дизајнираме. MAPSY во моментов се состои од 6 колекции (THE BABY, THE DOG, THE MOON, THE PLACE, THE STARS и THE ZODIAC) и секоја колекција си има свои дизајни. Сликите се достапни во 3 димензии: 30х40 см, 50х70 см и 70х100 см. И за истите има 2 опции на купување и нарачување.
Кој ги создава/ креира цртежите и пораките?
-Јас, но исто така имам и голема помош и од мојот иден сопруг кој е веќе во сферата на графичкиот дизајн и има големо познавање. Јас по природа сум голем перфекциониста, од секогаш ме привлекувал дизајнот и естетиката и сакам работите кои ги правам да бидат квалитетно сработени и да изгледат убаво за око. Овој бизнис бара пред сè време, идеи, сенс за естетика и познавање на графички дизајн. На овој бизнис се работеше макотрпно и со многу љубов. Колекцијата на MAPSY помина низ долг процес и евалуација, внимателно ги избравме дизајните, ги тестиравме истите за да добиеме краен финален дизајн кој ќе одговара на нашите стандарди за висок квалитет.
Што најмногу буди интерес кај клиентите, кои теми и мотиви? И дали се сите постери персонализирани, уникатни? -Во денешно време станува сè потешко кога треба да се одлучи што треба да се подари за некоја пригода било тоа да е роденден, годишнина, свадба или за новороденче. Сите тие работи кои стандардно се купуваат се на некој начин привремени, па сакав да креирам нешто што ќе трае долго. Клиентите најчесто бираат дизајни за да овековечат принова, годишнина или нечиј роденден и нашата најпродавана персонализирана слика е THE STARS.Секоја слика сама по себе е уникатна и различна и зборува за некоја приказна. Што е ново на полето на манекенството? Дали продолжуваш понатаму со манекенски ангажмани? -Мојата интернационална кариера како модел ја завршив оваа година, бидејќи решив да се посветам на нешто друго што ме влече веќе подолго време. Моментално спремам дипломска и ќе бидам дипломиран менаџер по бизнис логистика на Универзитетот ,,Гоце Делчев”, а од април започнувам со академија за графички дизајн во најдобрата академија кај нас во Македонија Brainster . Иако имам добро познавање во сферата на графичкиот дизајн, академијата ја запишав бидејќи сакам да научам нови работи и да се надоградам себеси и да можам да придонесам повеќе за MAPSY.
Колкецијата THE BABY на персонализирани илустраци од бебе во мајчината утроба
Колекцијата THE DOG е персонализирана илустрација од кучиња, која брои вкупно 95 раси на кучиња. Илустрациите на кучињата се дизајнирани според станардите на расата на кучето (големина и форма)
КолекцијатаTHE MOON е персонализирана постер слика од месечевите мени
Колекцијата THE PLACE е персонализирана постер слика од градови кои што се географски достапни
Колекцијата THE STARS е персонализирана постер слика од соѕвездијата кој што се точни и прецизни и содржи галактички координати на сите ѕвезди видливи од Земјата со голо око
Колекцијата THE ZODIAC е персонализирана постер слика на соѕвездијата на зодијакот
Нема коментари