Модната линија Privé достапна во македонската компанија Сара Фешн веќе подолго време ги освојува срцата на сите храбри, смели жени со стил во нашава земја. Овие префинети и заводливи модели, креирани од брендот Penti, лично комунициран од модната дизајнерка Ивана Кнез, прави да се чувствувате елегантно и сензуално, а дава и една сосема поинаква модна димензија. Потврдата дека може смелоста истовремено да биде и начин на себе изразување – се веќе продадените модни парчиња од Privé колекцијата, која со страст и невидена енергија во совршени фотографии ги изнесува и самата Кнез. Тоа беше доволна провокација со неа да се разговара за колекцијата опуштено и растеретено, сега откако истата веќе го наоѓа патот до срцата на сите жени кои држат до себе и до својот стил…
Ивана, ги рушиш модните предрасуди во смелоста, дизајнот, естетиката на овие простори веќе подолго време. Модно провоцираш, делуваш, креираш… но дали можеби најголемата предрасуда кај нас е да се биде доволно храбар и да имаш сопствен печат?
- Во општество преплавено со стереотипни идеали можеби највисока форма на храброст е да го задржиш и истакнеш сопствениот идентитет. Посебно заради тоа што жените на ова поднебје се престравени од тоа што другите ќе помислат за нив, по најново дали тоа ќе им донесе лајк на некој од социјалните медиуми и како ќе се омажат ако зборуваат лошо за нив. Исклучително е тенка границата помеѓу лудило и храброст овде кога се бориш да се сочуваш и да го живееш животот на свој единствен начин. Можеби тој страв од поинаквост не’ доведе и политички до таму до каде што сме, без чувство за припадност и идентификација. Знаете таоизмот стои позади тоа дека секое општество е создадено од единка и индивидуалноста е таа што го прави општеството богато. И тогаш како таков правец во една империја како што е Кина, се обиделе да го стишаат тој став. Индивидуалноста е како водата, секогаш ќе го најде својот пат по кој ќе тече и ќе остави доволно длабока бразда за другите да ја следат.
Која беше главната инспирација да застанеш зад Privé колекцијата и како си задволна од тоа како современата и смела жена кај нас го прифати предизвикот?
- Летаргијата која преовлада изминативе неколку години, поготово за време на пандемијата. Ние и онака бевме народ кој нема, сега веќе се доведовме до состојба да немаме ни душа. Преплавени сме со „али експрес“ модели без трошка на сензација и гламур, се она што вистински остава печат на гламурозна жена е преведено во ефтина копија. Се продадовме на идеологија купи евтино, без да помислиме за вредноста на тоа евтино, заборавивме дека сиромавиот дупло плаќа. Од незаситност и алчност за многу, изгубивме чувство за квалитет, па само трупаме крпи на себе кои не носат се подалеку од тоа што вистински сме, не категоризираат во суви конзументи искористени од глобалните компании.
Privé collection – колку таа е во чекор со светските модни трендови?
- Нема тренд кога е „вешот“, има чувство, има сензуалност, сензација, секс, љубов, себе спознавање без намена и без потреба. На никој од нас не му е потребен пар чипкани килоти, но затоа е посакуван и пожелен. И кога е така сметам дека тој еден пар треба да е беспрекорен и од вас да направи дека може да го освоите цел свет.
Што може да очекуваме за сезоната што следува во однос на твоите дизајни и трендовите?
- Јас трендови не сакам, сметам дека се средство за манипулација на маса. Јас сакам да го живеам поднебјето во кое работам, да ја претворам потребата во луксуз до таму што секој ќе посака мојот дизајн да го има, без разлика дали му треба или не. И успевам во тоа, во сите брендови каде се појавувам се појавува личен мој печат кој и те како менува. А со Приве се покажа дека тоа што јас го носам предизвикува и се бара. За мене тоа е доволен знак да не престанам да создадам и да бидам Ивана Кнез.
Како корсетот како дел од долната облека го вклопуваш во твојот секојдневен стајлинг?
- На многу волшебни начини, корсетот е моја лична омилена форма на креација, па од фармерки, палто и потпетици за секој ден, до комбинација со некоја тоалета за коктел прилики. Или пак најубавата, само корсет, специјално за тој еден некој.
Која е твојата совршена модна комбинација?
- Сега секогаш и засекогаш, црниот тесен фустан со високи потпетици, бела кошула и сини фармерки со рамни чевли и црна ролка со црни машки пантолони и некоја „сулудо“ добро дизајнирана чевла. Се разбира секогаш во комбинација со чипкан „веш“ и мојата пасија, накитот.
Модната линија Privé на Сара Фешн, претставена од модната дизајнерка Ивана Кнез е актуелна и може да се погледне и купи на е – продавницата на sarafashion.club
Нема коментари