Жените и накитот имаат посебна релација, таа не може без овие модни додатоци кои честопати го открива нејзиниот карактер, желбите и модниот вкус. Некои сакаат ѓердани, други се врзуваат за прстен, ама сите претпочитаат квалитет и убав изглед. Грчкиот бренд за накит Oxette ги задоволува желбите и вкусот на македонските жени, нудејќи им иновативни парчиња од злато, сребро и скапоцени камења кои стилски се движат во рамките на елеганција, висока мода и бизнис кежуал Зборувавме со Елена Јанкоска, сопственичка на Oxette за Македонија, за карактеристиките на брендот, што сакаат жените најмногу да носат и кои трендови ќе бидат актуелни оваа сезона.
-Сè уште го паметам периодот во 2006 година кога требаше да донесам конечна одлука дали бренд кој сè повеќе се развиваше во светски рамки ќе биде лесно прифатен и во Македонија, бидејќи ние сме народ со специфични вкусови. Тоа беше време на еден позитивен страв кој од денешна гледна точка сфаќам дека ми помогна да направам навистина паметен чекор. Голема беше мојата желба да го доближам до нашите дами накитот на Оxette,пред сè поради неговиот несекојдневен, специфичен дизајн, но и поради високиот квалитет на секое парче накит. Со отварањето на првата продавница во Градскиот трговски центар започнува приказаната за Oxette, а рекациите на купувачите ми ги надминаа очекувањата.
>>Што е најкарактеристично за накитот на Oxette, во однос на стилови, избор на материјали и таргет-група на клиенти?
-Реномираните дизајни на Oxette се инспирирани од страна на светската мода и уметност.Накитот има автентична изработка, која обезбедува вродена смисла за елеганција. Секое парче накит е уникатно и оригинално, а при изработката и смислувањето на дизајнот навистина многу се внимава секој производ да зрачи со елеганција, но и со флексибилност како би било погодно за секоја жена и нејзиниот стил. Покрај тоа што Oxette има редовни дизајнери кои работат на секоја колекција, сепак во поново време, секоја следна колекција има нова тема, нова инспирација и нов дизајнер. Сметам дека во моментов токму иновативните и свежи дизајни се најголемата предност на брендот.
>>Што нуди Oxette за следнава сезона во однос на трендови, форми и бои? Колку брендот е во чекор со светските трендови во јувелирството?
-За изработка на накитот во секоја колекција се користат висококвалитетни материјали како што се сребро 925, злато, скапоцени и природни камења заедно со современи материјали. Секоја година брендот презентира по две колеции, за пролет–лето и за есен–зима. Во тек е и промоцијата на новата колекција есен- зима 2014/15 која е наречена Muse Collection. Во оваа колекција преовладуваат кралско синат, темно розева и црна боја. Секое парче со себе носи некаква приказна, несекојдневни форми кои совршено го дополнуваат и дневниот и вечерниот изглед.
>>Ќе ни ги отриете вашите совети за тоа како да се комбинира накитот од новата колекција?
-Она што го забележав во текот на овие години е фактот дека нашите жени навистина знаат да се грижат за себе и добро знаат што навистина им прилега. Сепак Oxette е бренд кој има прецизно таргетирана публика која се движи во стилски рамки на елеганција, висока мода и бизнис кежуал. Накитот има прецизни линии, суптилен сјај и забележлив дизајн, што значи дека добро се вклопува во минималистички стил на облекување. Есенските аксесоари, како марами, очила и чанти, одлично се дополнуваат со новата колекција на Oxette. Ќе доминира стандардно златната и бакарната боја, што специфично алудира на есента. Во втор план се сината, розевата и црната кои одлично се комбинираат со базичната златна боја.
>>Според вас, кои парчиња накит секоја жена треба да ги поседува?
-Накитот и аксесоарите во изгледот на една современа жена имаат големо значење, пред сè како начин на кој жената се идентификува себеси и комуницира со надворешниот свет. Од моето искуство како застапник на светски бренд за накит, но и лично како жена која го обожува истиот, би ги советувала сите дами задолжително во својата колекција да поседуваат еден до два рачни часовници кои ќе можат да ги комбинираат и за дневни/деловни излагувања, но и за вечерни забави. Секако тука се и нежните ланчиња, алки и прстени. Она што секоја жена задолжително треба да го поседува е едно парче на уникатен накит кој совршено би го дополнил нејзиниот вечерен изглед за некоја посебна пригода.
>>Во програмата на Oxette има различни видови на часовници, кои модели ги предлагата за следнава есен?
-Златниот и сребрениот часовник никогаш не излегуваат од мода, но она што мене посебно ми се допаѓа во новата колекција на Oxette се часовниците кои во централниот дел се во боја кои ќе им бидат во служба на модерните дами.
Македонските љубители на брендот со парчиња накит од новата колекција ќе може да се подноват на почетокот на месец октомври кога и пристигнува колекцијата Muse во Македонија.
Нема коментари