Музејот на италијанската модна куќа „Гучи“ денес лансира интернационална интернет страница која „зборува“ на осум јазици и сега функционира како интеактивен вебсајт на адресата guccimuseo.com. Музејот „Гучи“ отворен е во Фиренца пред две години, а сега неговата интернет верзија нуди информации поделени во три сектори: Архива, Гучи и уметноста и третиот дел наречен едноставно Музеј. Се разбира, вебсајтот е интегриран на најпопуларните социјални мрежи Фејсбук, Твитер, Инстаграм, Јутјуб и Пинтерест. Најинтересен е делот Архива во кој може да се најдат чанти, вечерни фустани, предмети со логото на компанијата и со цветни принтови, како и претходни изложбени поставки во музејот. Вебсајтот ви нуди виртуелна посета на различни простории со предмети и прошетка низ музејот благодарение на панорамата од 360 степени. Во делот Гучи и уметноста има опширни информации за изложбени на современа уметност, како и за уметничките проекти што „Гучи“ ги поддржува.
Нема коментари