Три години по првиот и единствен InstaMeet во нашата метропола, на 21 и 22 март во Старата скопска чаршија ќе се одржи средба на корисниците на „Инстаграм“. Собирот ќе почне во 14 часот во сабота на влезот во чаршијата, по што ќе следува прошетка и фото-откривање на мистичните агли на овој дел од Скопје.
InstaMeet е собир на луѓе (корисници на Инстаграм) со цел заедничко истражување, дружење и истакнување на својата креативност изразена преку фотографии и видеа. Се организираат од самиот почеток на Инстаграм и ги има во многу различни форми и поводи. Овој настан во Скопје првпат се одржа на 26 Јули, 2012 година во Зоолошката градина , еден ден пред почетокот на #letogram.
Нема коментари