Водичот за патувања на „Форбс“ (Forbes Travel Guide) ги откри своите награди за 2021 година кои се однесуваат на најдобрите хотели, ресторани, спа центри низ целиот свет. Наградите вклучуваат голем број специјални признанија за индивидуални работници и брендови во угостителската индустрија, како и новата категорија Hospitality Star за гостопримство и исклучителна работа за време на Ковид-19. Меѓу наградените интересна ни си виде категоријата Хотел со најдобар Инстаграм на годината, па ќе „отпатуваме“ на Малдиви на преку Инстаграм профилот на хотелот Waldorf Astoria Maldives Ithaafushi. Овој луксузен ресорт победи во категоријата поради доброто водење на содржината „која што зрачи со карактер, контакт со следбениците и има целосна неверојатна естетика“.
A post shared by Waldorf Astoria Maldives (@waldorfastoriamaldives)
Нема коментари