Купувањето мода онлајн зема сè поголем замав, а кога ќе се спои со Инстаграм како највлијателна апликација за дружење и споделување стил, произлегува потребата за шопинг на Инстаграм. Токму ваква опција воведуваат американските модни брендови и оваа недела ќе почнат да се продаваат на Инстаграм. Оваа социјална мрежа ќе овозможи означување најмногу на пет производи на една фотографија од некој бренд означени како икони, на кои корисникот ќе може да кликне и да добие информации за нив, нивната цена и да ве одведе до линк кој води до страницата на која може да го купите посакуваниот производ. Засега околу 20 брендови ја тестираат оваа опција, меќу кои Мајкл Корс, J. Crew, Кејт Спејд, Abercrombie & Fitch, Coach, Levi’s и стоковната куќа Macy’s.
Kate Spade from Instagram for Business on Vimeo.
Нема коментари