Кога првпат се појави феноменот на уличен стил, се чинеше како вистински свеж воздух и спас од модната рутина. На почетокот беше вистинска, жива мода надвор од рекламните паноа, сценските фотосесии и страниците на модните списанија. Но, како одминуваше времето, фотографиите на улична мода станаа натпревар на суети, стилска пренагласеност која не го отсликува личниот сттил и еден голем рекламен банер за модни брендови. Уличнатка мода се сведе следење на за стилските ѕвезди, модните уредници, блогери и инфлуенсери, додека итаат на некој моден настан или додека позираат во некоја спонзорирана содржина.
Но, пандемијата на ковид ги прекина масовните посети на модните недели и стотиците фотографии на улична мода, сега кога во модните центри не доаѓаат модни ентузијасти кои се сликаат во своите стајлизни составени од новите дизајнерски колекции, и сега кога немаме можност да ја видиме облеката од колекциите на модели или на стилските ѕвезди, останува да видиме како се облекуваат, условно кажано, обичните луѓе.
На инстаграм едно по друго почнаа да се појавуваа профили кои ги ловат изгледите на „обичните“ луѓе во големите градови, по @parisiensinparis на кој го гледаме лежерниот стил и секојдневието на парижаните, еве го и профилот @ romans.in.rome, кој е посветен на римјаните.
Страницата @ romans.in.rome „ја споделува убавината на римскиот стил“, како што пишува во описот на профилот. Објавени се фотографии од жителите на главниот град на Италија, кои брзаат на работа, седат во омиленото кафуле, се шетаат низ центарот или се на шопинг. Нема местени кадри и аутфити избрани специјално за да позираат на фотографија, туку вистински секојдневни слики од вистински луѓе. Што претпочитаат да носат римјаните? Класични, но безвременски силуети, иконски додатоци како чанти на Гучи, Шанел, Диор и Ермес и длабоки, благородни нијанси. Понекогаш обичната, сезонска палета на црна, беж, бордо и кафена боја ќе „експлодира“ со светли нијанси на црвена, зелена или портокалова. Она што можете да го научите од жителите на Рим е можноста да изберете подеднакво стилски и удобен изглед, сите нивни комбинации изгледаат опуштено и пријатно, но без да ја жртвуваат естетиката.
Нема коментари