Во модата трендовите се враќаат, се рециклираат идеите од предходните декади и можни се случајни поклопувања на форми и дезени, но спепак, сè почесто сме сведоци на плагијати. Иако во праксата големите модни куќи се најчести „жртви“ на копии, изминатиот периот тракалото се сврте, и не ретко тие се на тапет за бесрамо копирање на веќе постоечки модни креации.
Dior, Gucci и Balenciaga се само дел од познатите брендови обвинети за плагијат. Со цел да ги улови и укаже на копиите, кои намерно или случајно се јавуваат во модната идустрија, анонимен тим покрена профил на Инстаграм наречен Diet Prada. По принциот на редење на две фотографии, оригиналот и копиата, без многу коментар Diet Prada ги објавува највпечатливите копии. Дел од нив се инспирирани од веќе постоеки колекции , а дел од нив се среќаваат во секојдневието, филмовите, анимациите…
Тимот на Diet Prada за VICE изјави дека „во денешно време не мора да значи дека плагијатите се прават свесно, со огелд на тоа што живееме во свет во кој на дневна база процесираме илјадници информации и фотографии и често е тешко да детектираме што точно нè инспирирало. Сепак, тоа не значи дека копијата нема да заврши на овој профил“.
Нема коментари