Капи, обувки, мали чанти, несесери, футрола за телефон, алишта, па дури и долна облека изработени од торбата FRAKTA на IKEA го преплавија Инстаграм. Поедници најдоа инспирација во спорот меѓу шведскиот гигант за уредување на домот и модниот бренд „Баленсијага“ и од препознатливата сина торба со жолт натпис на рачките направија креации кои може да се користат во секојдневието. Меѓу нив има и цели аутфити, одлично скоени модни парчиња, како и чизми и влечки. Фотографиите споделени на Инстаграм, како и на другите социјални мрежи се со хаштагот #FRAKTA,
Торбата влезе во фокусот откако главниот дизајнер на „Баленсијага“, Демна Гвасалија, лансира голема чанта која многу потсетува на шопинг ќесата од IKEA. На ова IKEA одговори со многу интересна реклама, каде што дава упатство како да направите разлика меѓу оригиналната IKEA Frakta и копиите. Иако навидум се идентични, сепак има разлика, посебно во цената. Торбата за пазарење во ИКЕА чини помалку од долар, а Balenciaga Arena - 2.145 долари. Други досетливи мали компании прават профит од спорот IKEA-Balenciaga . Имено брендови, како Pleasures и Chinatown Market од Лос Анџелес создадоа лимитирани колекции направени токму од пластичните FRAKTA торби на IKEA.

ИКЕА одговори со многу интересна реклама, каде што дава упатство како да направите разлика меѓу оригиналната IKEA Frakta и копиите

Торбата влезе во фокусот откако главниот дизајнер на „Баленсијага“, Демна Гвасалија, лансира голема чанта која многу потсетува на шопинг ќесата од ИКЕА
Нема коментари