На Инстаграм постојат голем број на профили кои даваат претстава на уличната мода во Париз, но тие се претежно фокусирани на фотографии наравени за време на модните недели и кога нз градот парадираат француски, но и светски познати трендсетерки и стилски ѕвезди. Но, постојат и профили кои го илустрираат стилот на парижаните кога не се „дотерани“ за на модни настани, кои скоро да ги нема овој период поради пандемијата, и кои на некој начин го редефинираат „феноменот на улична мода“. Всушност тие ја претставуваат реалната улична мода.
Еден таков профил е @parisiensinparis, зад кој стои анонимен автор, кој ги фотографира парижаните и нивниот ноншалантен стил. Жени и мажи од сите возрасти, несвесни дека се уловени од фотографски објектив, се движат по улиците на Париз завршувајќи ги своите обврски или прошетки, а најчесто нивните лица не ги гледаме, со што се гарантира нивната анонимност. Се забележува нивната вродена француска леснотија на облекувањето и елементи на парискиот шик – можете да ги видите најмодерните чанти во сезоната во комбинација на едноставна облека, но и посмели стајлинзи. Убавината лежи во едноставноста. Веројатно, вака треба да изгледа уличниот стил.
Нема коментари